Прејди на содржината

Перси Вилијамс Бриџмен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Перси Вилијам Бриџмен
Роден(а)21 април 1882(1882-04-21)
Кембриџ, Масачусетс, САД
Починал(а)20 август 1961(1961-08-20) (возр. 79)
Рандолф, САД
Самоубиство
НационалностСАД
ПолињаФизика
УстановиХарвард
ОбразованиеХарвард
Докторски менторВолас Клемент Сабин
ДокторандиФрансис Бирч
Џералд Холсон
Џон Салејтер
Џон Хазбрук ван Флек
Познат поВисокопритисочна физика
Операционализација
Операционализам
Поважни наградиРумфордова награда (1917)
Медал „Елиот Кресон“ (1932)
Комстокова награда за физика (1933)
Нобелова награда за физика (1946)
Член на Кралското друштво (1949)[1]
Бингамов медал (1951)

Перси Вилијам Бриџман (21 април 188220 август 1961) — американски физичар коју ја добил Нобеловата награда за физика во 1946 за негговата работа поврзана со високи притисоци. Тој исто така опширно пишувал на теми поврзани со научниот метод и со филозофијата на науката.[2][3][4] Познатиот Бриџманов ефект е именуван во негова чест.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Познат меѓу семејството и пријателите како „Питер“, Бриџман е роден во Кембриџ, Масачусетс, и израснал во Обурндејл Масачусетс.[5]

Бриџмановите родители биле родени во Нова Англија. Неговиот татко, Рејмонд Ландон Бриџман, бил „длабоко религиозен и идеалистичен“ и работел како дописник во весник за државните политики. Неговата мајка, Мери Ен Марија Вилијамс, била опишана како „поконвенционална, жива и натпреварувачка личност“.[5]

Бриџман основното и средното образование ги завршил во Обурндејл, каде бил успешен во училишните натпревари, на спортските терени и во играњето шах. Опишан како срамежлив и горд, неговиот живот во детството го минувал во слушање на семејна музика, играње карти, како и навремено завршување на домашните и градинарските задачи. Семејството било длабоко религиозно, читајќи ја Библијата секое утро и оделе во Конгреционалната црква.[5] Сепак, Бриџман подоцна станал атеист.[6]

Образование и личен живот

[уреди | уреди извор]

Бриџман се запишал на Харвард во 1900 година, и студирал физика сè до неговото докторирање. Од 1910 година па сè до неговото пензионирање, тој бил предавач на Харвард, станувајќи редовен професор во 1919 година. Во 1905 година, тој започнал да ги испитува својствата на материјата под висок притисок. Дефект на машината, направил тој да го измени својот апарат за притисок, при што добил нова направа која му овозможила да создаде притисоци кои надминувале 100.000 kp/cm2 (10 GPa, 100.000 атмосфери). Ова било значително подобрување на претходните машини, кои постигнувале притисоци само од 3.000 kp/cm2 (0,3 GPa). Оваа нова машина довела до бројни нови откритија, вклучувајќи го и изучувањето на компресијабилноста, електроспроводливоста, топлоспроводливоста, затезната цврстина и вискозноста на повеќе од 100 различни соединенија. Бриџман е познат и по неговите изучувања на електроспроводливоста на металите и својствата на кристалите. Тој го осмислил Бриџмановото запечатување и е епоним за Бриџмановите термодинамички равенки.

Бриџман направил бројни подобрувања на беговиот високопритисочен апарат во текот на годините, и неуспешно се обидувал многупати да создаде вештачки дијамант.[7]

Неговата книга за филозофија на науката, со наслов Логиката на современата физика (1927) ја промовирала операционализацијата и го создал поимот операционализам. Во 1938 година тој учествувал во Меѓународниот одбор за единство на науката.[8] Тој исто така е еден од 11 потпишувачи на Расел-Ајнштајновиот манифест.

Старост и смрт

[уреди | уреди извор]

Бриџман се оженил за Олива Вер, која потекнувала од Хартфорд, во 1912 година. Таткото на Вер, Едмунд Аса Вер, бил основач и прв претседател на Атлантскиот универзитет. Парот имал две деца и биле во брак 50 години, живеејќи подолг период од својот живот во Кембриџ. Семејството имало и летна викендица во Рандолф, каде Бриџман бил познат како вешт планинар.[5]

Бриџман бил „пробивен аналитички мислител“ со „богата механичка замисла“ и инзворедна спретност со рацете. Тој бил вешт водоводџија и столар, познат по тоа дека ги надминувал и професионалците на ова поле. Тој бил исто така уживал во музиката и свирењето на пијано, и особено се гордеел со неговите растителни и цветни градини.[5]

Бриџман се самоубил стрелајќи си во глава откако подолг период метастазирал неговиот рак. Во неговата проштална порака пишувало, „Не е достоинствено за општеството да направи човек ова сам да си го стори на себеси. Најверојатно ова е последниот ден кога ова можам да го сторам самиот на себе“[9] Бриџмановите зборови се цитирани од многуте поддржувачи на потпомогнатото самоубиство.[10][11]

Почести и награди

[уреди | уреди извор]

Бриџман стекнал многубројни почесни докторски титули, од Стивенсовиот институт во 1934 година, Харвард 1939 година, од Њѕјоршкиот политехнички универзитет во 1941 година, Принстон во 1950 година, Парискиот универзитет во 1950 година и од Јејл во 1951 година.

Бриџман бил член на Американското друштво на физичарите и бил негов претседател во 1942 година. Топј бил член и на Американскиот сојуз за унапредување на науката, Американската академија на уметностите и науките, Американското филозовско друштво и Националната академија на науките. Тој бил странец член на Кралското друштво и почесен член на Лондонското друштво на физичарите.

Куќата на Перси Вилијамс, во Масачусетс, во САД е прогласена за национално историско обележје во 1975 година.[14]

Во 2014 година, Одборот за нови минерали, номенкалтура и класификација (ККНМК) од Меѓународниот минералошки сојуз (ИМА) го одобрил името бриџменит за перовскитно изградените (Mg,Fe)SiO3,[15] the Earth's most abundant mineral,[16] во чест на неговите високопритисочнио истражувања.

Објавени трудови

[уреди | уреди извор]
  • — (1922). Dimensional Analysis. New Haven: Yale University Press. OCLC 840631.
  • — (1925). A Condensed Collection of Thermodynamics Formulas. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. OCLC 594940689.
  • — (1927). The Logic of Modern Physics. New York: Macmillan. OCLC 17522325.[17] Online excerpt.
  • — (1934). The Thermodynamics of Electrical Phenomena in Metals. New York: Macmillan.
  • — (1936). The Nature of Physical Theory. Dover. OCLC 1298653.
  • — (1938). The Intelligent Individual and Society. New York: MacMillan. OCLC 1488461.
  • — (1943). The Nature of Thermodynamics. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. ISBN 9780844605128. OCLC 4614803.
  • — (1949). The Physics of High Pressure. London: G. Bell. OCLC 8122603.
  • — (1950). Reflections of a Physicist. New York: Philosophical Library. OCLC 583047.[18]
  • — (1952). Studies in large plastic flow and fracture: with special emphasis on the effects of hydrostatic pressure. New York: McGraw-Hill. OCLC 7435297.
  • — (1959). The Way Things Are. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press. ISBN 9780674948303. OCLC 40803473.
  • — (1961) [First published separately in 1925 and 1934]. Thermodynamics of Electrical Phenomena in Metals and a Condensed Collection of Thermodynamic Formulas. New Haven: Macmillan. OCLC 610252150.
  • — (1962). A Sophisticate's Primer of Relativity. Middletown, Conn: Wesleyan University Press. OCLC 530615.
  • — (1964). Collected experimental papers. Cambridge, Massachusetts: Harvard University Pres. OCLC 372237.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Newitt, D. M. (1962). „Percy Williams Bridgman 1882–1961“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 8: 26–40. doi:10.1098/rsbm.1962.0003.
  2. „Percy W. Bridgman“. Physics Today. 14 (10): 78. 1961. doi:10.1063/1.3057180.
  3. Bridgman, P. (1914). „A Complete Collection of Thermodynamic Formulas“. Physical Review. 3 (4): 273–281. Bibcode:1914PhRv....3..273B. doi:10.1103/PhysRev.3.273.
  4. Bridgman, P. W. (1956). „Probability, Logic, and ESP“. Science. 123 (3184): 15–17. Bibcode:1956Sci...123...15B. doi:10.1126/science.123.3184.15. PMID 13281470.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Kemble, Edwin C.; Birch, Francis (1970). Percy Williams Bridgman – 1882—1961 (PDF). National Academy of Sciences. стр. 25, 26, 27.
  6. Ray Monk (2013). Robert Oppenheimer: A Life Inside the Center. Random House LLC. ISBN 9780385504133. In many ways they were opposites; Kemble, the theorist, was a devout Christian, while Bridgman, the experimentalist, was a strident atheist.
  7. Hazen, Robert (1999), The Diamond Makers, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN 0-521-65474-2
  8. Neurath, Otto (1938). „Unified Science as Encyclopedic Integration“. International Encyclopedia of Unified Science. 1 (1): 1–27.
  9. Nuland, Sherwin. How We Die: Reflections on Life's Final Chapter. Vintage Press, 1995. ISBN 0-679-74244-1.
  10. Ayn Rand Institute discussion on assisted suicide. Aynrand.org; retrieved 2012-01-28.
  11. Euthanasia Research and Guidance Organization. Assistedsuicide.org (2003-06-13); retrieved 2012-01-28.
  12. „Bakhuys Roozeboom Fund laureates“. Royal Netherlands Academy of Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на 7 August 2011. Посетено на 13 January 2011.
  13. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. Архивирано од изворникот на December 29, 2010. Посетено на February 13, 2011.
  14. James Sheire (February 1975), National Register of Historic Places Inventory-Nomination: Percy Bridgman House/Bridgman House-Buckingham School (PDF), National Park Service, Посетено на 2009-06-22 and Accompanying one photo, exterior, from 1975 (519 KB)
  15. Page on bridgmanite, mindat.org; retrieved 2014-06-03.
  16. Murakami, M.; Sinogeikiin S.V.; Hellwig H.; Bass J.D.; Li J. (2007). „Sound velocity of MgSiO3 perovskite to Mbar pressure“ (PDF). Earth and Planetary Science Letters. Elsevier. 256: 47–54. Bibcode:2007E&PSL.256...47M. doi:10.1016/j.epsl.2007.01.011. Посетено на June 7, 2012.
  17. Kovarik, A. F. (1929). „Review: The Logic of Modern Physics by P. W. Bridgman“ (PDF). Bull. Amer. Math. Soc. 35 (3): 412–413. doi:10.1090/s0002-9904-1929-04767-0.
  18. Riepe, D. (1950). „Book Review: Reflections of a Physicist, by P. W. Bridgman“. Popular Astronomy. 58: 367–368. Bibcode:1950PA.....58..367R.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Walter, Maila L., 1991. Science and Cultural Crisis: An Intellectual Biography of Percy Williams Bridgman (1882–1961). Stanford Univ. Press.
  • McMillan, Paul F (2005), „Pressing on: the legacy of Percy W. Bridgman.“, Nature Materials (објав. Oct 2005), 4 (10), стр. 715–8, Bibcode:2005NatMa...4..715M, doi:10.1038/nmat1488, PMID 16195758

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]