Стивен Чу
Почесен Стивен Чу[1] | |
---|---|
12ти Министер за енергетика | |
На должноста 21 јануари 2009 – 22 април 2013 | |
Претседател | Барак Обама |
Заменик | Даниел Понман |
Претходник | Семјуел Бодман |
Наследник | Даниел Понман (активен) |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 февруари 1948 Сент Луис, Мисури, САД |
Партија | Демократ[2][3] |
Установа | Рочерстерски универзитет Калифорниски универзитет |
Награди | Нобелова награда за физика (1997) |
Стивен Чу (кинески: 朱棣文, пинјин: Zhū Dìwén[4][5][6][7][8], трскр. Џу Дивен; 28 февруари 1948[9]) — американски физичар познат по своите истражувања во Беловите лаборатории и универзитетот Стенфорд за ладење и заробување на атомите во ласерска светлина, за што освоил Нобелова награда за физика во 1997 година заедно со неговите колеги Клод Коен Тануџи и Вилијам Даниел Филипс.
Чу работел како 12ти министер за енергетика на САД од 2009 до 2013 година. Кога бил избран за Министер за енергетика, Чу бил професор по физика и молекуларна биологија на Калифорнискиот универзитет, и директор на националната библиотека во Беркли, каде неговите истражувања[10][11][12] главно биле насочени кон проучувањето на биолошките системи.[13] На 1 февруари 2013 година, најавил дека нема да биде министер за време на вториот мандат на претседателот Обама, за подоцна да даде оставка на 22 април 2013 година.[14][15][16]
Чу е гласен поборник за повеќе истражувањата во обновливите извори на енергија и јадрената енергија, тврдејќи дека запоставувањето на фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени.[17][18][19] На пример, тој осмислил глобална „гликозна економија“, облик на нискојаглеродна економија, во која гликозата од тропските растенија се испорачува низ светот како што се тоа се прави денес со нафтата.[20]
Образование и младост
[уреди | уреди извор]Чу е роден во Сент Луис, Мисури,[21] со потекло од Љухе, Кина.[22] а матурирал во средното училиште „Гарден Сити“.[23] Тој во 1970 година се стекнал со диплома за уметности по математика и диплома за наука по физика на Рочестерскиот универзитет. Тој подоцна ја добива титулата Д-р по физика од Калифорнискиот универзитет Беркли, во 1976 година, за време кога тој бил поддржан од страна на Националната фондација за наука.[24]
Чу потекнува од семејство на научници. Неговиот татко, Џу Жуѓин, стекнал докторат по хемиско инжинерство од Масачусетскиот институт за технологија и предава во Вашингтон на Сентлуишкиот универзитет и Бруклинскиот политехнички институт, а неговата мајка студирала економија. Неговиот дедо, Ли Шутјен , се стекнал со диплома од универзитетот „Корнел“ и чичкото на мајка му, Ли Шухуа, за физички науки, студирал физика во Сорбона пред да се врати во Кина.[25] Постариот брат на Чу е професор по биохемија и медицина на Стенфорд. Неговиот помлад брат, Морган Чу, е партнер и поранешен соуправувач во адвокатска фирма.[26] Според Чу, неговите двајца браќа и четири роднини се стекнале со титули доктор на медицина, четири доктори на науки и еден правник.
Во 1997 година, тој се оженил со Жан Фетер, британка и физичар од Оксфорд.[21] Тој има два сина, Џефри и Михаил, од претходниот брак со Лиза Чу.[25]
Чу е заинтересиран за спортови како што се безбол, пливање и велосипедизам. Тој научил тенис, читајќи книга за спортот во осмо одделение. Тој, исто така научил скок со стап од бамбус, набавувајќи ги од месните продавници за ќилими.[21][25]
Кариера и истражување
[уреди | уреди извор]По добивањето на својот докторат, Чу остананува во Беркли како постдокторски истражувач во период од две години, пред да се вклучи во Беловите Лаборатори, каде што тој и неколку од неговите соработници добиваат Нобеловата награда за ласерското ладење. Тој ги напуштил Беловите лаборатории и станува професор по физика на Универзитетот „Стенфорд“ во 1987 година,[25] каде станува претседател на одделот за физика од 1990 година до 1993 година, и од 1999 до 2001 година. На универзитетот „Стенфорд“, Чу и тројца други соработници ја започнуваат програма Био-X, која се фокусира на меѓудисциплинарни истражувања во биологијата и медицината[27] и одиграла клучна улога во обезбедувањето на средствата за финансирање на Институтот за честична астрофизика и космологија.[28] Во август 2004 година, Чу беше назначен за директор на Лоренс Берклиевата национална лабораторија, лабораторија на министерство за национални енергетски лаборатории на САД, и се приклучил на одделот за физика и одделот за молекуларна и клеточна Биологија .[29] Под водство на Чу, Лоренс Берклиевата национална лабораторија е центар на истражување на биогорива и сончевата енергија.[17][29]
Првичното истражување на Чу е фокусирано на атомска физика преку развивање на техники на ласерско ладење на магнето-оптичко преклопување на атоми со користење на ласери. Тој и неговите соработници во Беловите лаборатории развиеле начин за ладење на атомот со примена на шест ласерски зраци во парови и наредени во три насоки под прави агли едни со други. Преклопувањето на атомите со овој метод им овозможува на научниците да ги проучуваат поединечните атоми со голема точност. Покрај тоа, оваа техника може да се користи за изградба на атомски часовници со голема прецизност.[30]
На Стенфорд, истражувачките интереси на Чу се прошируваат во биофизиката и полимерната физика. Ја изучувал активноста на ензимите и белковините и РНК преклопување користејќи техники како што се флуоресцентно-резонантениот пренос на енергија, атомската микроскопија и оптичките пинцети. Неговите истражувања на полимерната физика користат поединечни ДНК молекули со цел да се изучи динамиката на полимерите и нивната фазни премини. Тој продолжил со истражувања во атомската физика, како и развивање на нови методи на ласерско ладење и преклопување.[31]
Награди
[уреди | уреди извор]Стивен Чу е добитник на Нобелова награда за физика во 1997 година за развој на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми со ласерска светлина. Тој е член на Академија на науки на САД, и американската Академија на уметности, и надворешен член на Кинеската академија на науките, и Корејската академија за науки и инженерство.[32] Исто така бил награден со Хумболтовата награда од фондацијата „Александар фон Хумболт“ во 1995 година.
Чу добил почесен докторат од Бостонскиот универзитет, кога тој бил нивен главен говорник во 2007 година.[33] Списанието Дијабло му доделува на Еко награда во априлското издание во 2009 година,[34] кратко време откако тој бил номиниран за секретар за енергетика. Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис и универзитетот Харвард му доделиле докторат.[35][36] Му била доделена почесна диплома и од Универзитетот „Јеил“ за време на доделувањето на дипломите во 2010 година.[37] Подоцна му била доделена почесна диплома од Политехничкиот институт на Универзитетот во Њујорк, истата институција во која неговиот татко предавал неколку години, во 2011 година за време на доделувањето на дипломите.[38] Пенсилванскиот државен универзитет му доделил почесен докторат за време на доделувањето на дипломите во 2012 година.[38] Во 2014 година, на Чу му била доделена почесна докторска титула од колеџот „Вилијамс“,[39] каде одржал говор кој бил модериран од страна на професорот Протик Маџумдер.[40] Чу беше избран за странски член на Кралското друштво во 2014 година[41] Неговата номинација гласи:[41]
„ | Развојот на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми од страна на Стивен Чу беше награден со Нобеловата награда за физика во 1997 година, тој исто така е пионер во развојот на атомската интерферометрија за прецизност при мерењата и тој воведе нови методи за визуелизација и манипулација наединечни биомолекули заедно со оптички пинцети. Во текот на неговата кариера, тој бара нови решенија за предизвиците поврзани со енергијата или климата. Од јануари 2009 година до април 2013 година, тој беше 12-от американски секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Барак Обама, и поведе напредно истражување во полето на енергетиката.[42] | “ |
Министерство за Енергетика
[уреди | уреди извор]Неговата номинација да биде министер за енергитика, едногласно беше потврдена од страна на Сенатот на САД на 20 јануари 2009 година .[43] На 21 јануари 2009 година, Чу положи свечена заклетва како министер за енергетика, во администрацијата на Барак Обама. Чу е првиот човек назначен на САД кабинетот по добивање на Нобелова награда.[44] Тој е исто така вториот кинески американец член во администрацијата, по поранешниот секретар за труд Елејн Чао.[45]
Тој продолжил со својата научна работа, и подоцна го објавил својот труд за гравитациското црвено поместување [46] a и уште едно дело каде бил соавтор во јули 2010 година.[47][48]
Во март 2011 година Чу вели дека регулаторите во американската Јадрена регулаторната комисија не треба да го одложуваат одобрувањето на градежни дозволи за планираните американски атомски централи во пресрет на јадрената катастрофа во Јапонија.[49]
Во август 2011 година Чу го пофали извештајот на советодавниот панел за контролирање на ризиците за испуштање на гасовите врз животната средина. Чу реагирал на извештајот на комисијата на хидрауличното разбивање, методот на контроверзно дупчење кој им овозможува на САД голем развој во полето на вадење на гас, но посотоела опасност од загадување на подземните води. Во извештајот се повикува на подобро собирање на податоци за воздухот и водата, како и „строги“ стандарди на загадувањето на воздухот и задолжително објавување на хемикалиите кои се користат во процесот на хидрауличното разбивање.[50]
На 1 февруари 2013 година, Чу ја најави својата намера да поднесе оставка.[51] При објавата на неговата оставка, тој предупредува на опасностите од промената на климата поради понатамошната зависност од фосилните горива, и запишал,„ Каменото време не заврши зашто осанавме без камења туку преминавме на подобри решенија“.[52] Својата оставка ја поднесува на 22 април 2013 година. Моментално работи на Универзитетот „Стенфорд“, со екипа предводена од Ји Цуј професор по материјали и инженерство за развој на високоенергетска батерија со анода од литиум и катода од сулфур.[53]
Енергија и климатски промени
[уреди | уреди извор]Чу е гласен поборник за повеќе истражувања на обновлива енергија и јадрена енергија, тврдејќи дека оттргнувањето од фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.[17][18][19] Чу изјавил дека една типична јаглена централа оддава 100 пати повеќе зрачење од една атомска централа.[54]
Чу предупредил дека глобалното затоплување може да ги уништи калифорниските фарми во рамките на овој век.[55]
Тој се приклучува на Советот за климатски промени во Копенгаген, меѓународна соработка помеѓу бизнисот и науката со цел да се прошири свеста за време на Конференцијата за Климатски промени во 2009 година од страна на ОН во Копенхаген Данска.[56]
Чу имал главна улога во доставувањео на најповолна понуда за Институтот за енергија - проект финансиран со 500 милиони долари, во соработка помеѓу Калифорнискиот унивњерзитет, Лоренс Берклиевата лабораторија и Илиноишкиот универзитет. Ова предизвикало негодувања на Калифорнискиот универзитет, каде постоело стравување дека ова здружение може да му наштети на угледот на училиштето и на академскиот интегритет.[57][58][59][60]
Делумно засновано врз неговото истражување на Универзитетот Беркли, Чу претпоставува дека глобална гликозна економија, облик на нискојаглеродна економија, може да биде замена за сегашниот систем. Во иднина, посебни видови на високогликозни растенија би се одгледувала во тропските предели, каде би се обработиле хемиски, а подоцна ќе бидат извезувани како што тоа се прави сонафтата денес.
Чу, исто така, се залага за обојување на покривите на зградите и покривите на патишта во светот со бела или друга светла боја, со што сончевата светлина би се одбила назад во вселената со што би се придонело за намалување на глобалното затоплување. Ефектот ќе биде, според Чу, сличен на тоа сите автомобили да би се отстраниле од патиштата во светот во период од 11 години.[20] Неговиот колега Семјуел Тернсторм, во американскиот институт за претприемништво и содиректор на проектот за геоинженерство изразил поддршка за идејата во The American величејќи го Чу за неговата идеја со која и прави услуга на нацијата.[61]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Chu, Steven was elected a fellow of the American Physical Society in 1986 for his contributions in atomic physics and laser spectroscopy, including the first observation of parity non-conservation in atoms, excitation and precision spectroscopy of positronium, and the optical confinement and cooling of atoms.
- ↑ Steven Chu's file. PolitiFact. Посетено на 2012-02-04.
- ↑ http://www.iwatchnews.org/2012/02/13/8139/four-cabinet-members-willing-help-democratic-super-pacs
- ↑ „美国能源部长朱棣文“. Xinhua News Agency.
- ↑ „前能源部长朱棣文 返史丹福大学执教“. Sina Corp. Архивирано од изворникот на 2015-05-01. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ „美国能源部部长朱棣文访问北大并与师生座谈“. Peking University. Архивирано од изворникот на 2013-08-05. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ „雷射的應用–捕捉原子與中性粒子“. National Science Council. Архивирано од изворникот на 2013-08-05. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ O'Shea, Jennifer L. (December 30, 2008). „10 Things You Didn't Know About Steven Chu; Steven Chu is President-elect Obama's pick for energy secretary“. U.S. News & World Report. Kerry F. Dyer. Посетено на December 17, 2012.
- ↑ O'Shea, Jennifer L. (декември 30, 2008). „Steven Chu is President-elect Obama's pick for energy secretary“. U.S. News & World Report. Kerry F. Dyer. Посетено на декември 17, 2012.
- ↑ Ashkin, A.; Dziedzic, J. M.; Bjorkholm, J. E.; Chu, S. (1986). „Observation of a single-beam gradient force optical trap for dielectric particles“. Optics Letters. 11 (5): 288. doi:10.1364/OL.11.000288.
- ↑ Raab, E.; Prentiss, M.; Cable, A.; Chu, S.; Pritchard, D. (1987). „Trapping of Neutral Sodium Atoms with Radiation Pressure“. Physical Review Letters. 59 (23): 2631–2634. doi:10.1103/PhysRevLett.59.2631. PMID 10035608.
- ↑ Chu, S.; Bjorkholm, J.; Ashkin, A.; Cable, A. (1986). „Experimental Observation of Optically Trapped Atoms“. Physical Review Letters. 57 (3): 314–317. Bibcode:1986PhRvL..57..314C. doi:10.1103/PhysRevLett.57.314.
- ↑ „Dr. Steven Chu, Secretary of Energy“. United States Department of Energy. Посетено на 2009-02-24.
- ↑ Dixon, Darius. „Energy Secretary Steven Chu to resign“. Politico. Посетено на 1 February 2013.
- ↑ Dalton, R (2009). „Steven Chu prepares for power“. Nature. 457 (7227): 241. doi:10.1038/457241a. PMID 19148062.
- ↑ Service, R. F. (2007). „Steven Chu profile. Steering a national lab into the light“. Science. 315 (5813): 784. doi:10.1126/science.315.5813.784. PMID 17289971.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 H. Josef Hebert (2008-12-08). „Energy secretary pick argues for new fuel sources“. Associated Press. Посетено на 2010-11-09.
- ↑ 18,0 18,1 Sarah Jane Tribble, 'Nuclear: Dark horse energy alternative,' Архивирано на 29 август 2013 г. Oakland Tribune, 2007-06-18.
- ↑ 19,0 19,1 Directors of DOE National Laboratories (August 2008). „A Sustainable Energy Future: The Essential Role of Nuclear Energy“ (PDF). Department of Energy.
- ↑ 20,0 20,1 „A scientist who is on tap, on top“. St. Petersberg Times. July 26, 2009. Архивирано од изворникот на 2010-01-24. Посетено на January 10, 2010. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 21,0 21,1 21,2 Bert Eljera (1997-10-23). „Stanford Professor Steven Chu graduates to the rank of Nobel laureate“. AsianWeek. Архивирано од изворникот на 2008-12-15. Посетено на 2008-12-16.
- ↑ Brendan John Worrell (2009-07-15). „Steven Chu: US ready to lead on climate change“. ChinaDaily. Посетено на 2009-07-15.
- ↑ Kathleen Kerr (2008-07-16). „They Began Here“. Newsday. Архивирано од изворникот на 2008-06-09. Посетено на 2008-09-17.
- ↑ „Steven Chu, 1997 Nobel Prize in Physics“. NSF-GRF. Архивирано од изворникот на 2008-11-20. Посетено на 2009-01-25.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 25,3 Tore Frängsmyr, уред. (1998). „Steven Chu Autobiography“. The Nobel Prizes 1997. Les Prix Nobel. Stockholm: The Nobel Foundation. Посетено на 2007-06-25.
- ↑ „Morgan Chu“. Irell & Manella. Посетено на 2008-12-16. Text "Irell & Manella LLP" ignored (help)
- ↑ „About Bio-X“. Stanford University. Посетено на 2009-02-27.
- ↑ „Steven Chu named director of Lawrence Berkeley National Laboratory“. Stanford News Service. 2004-06-21. Архивирано од изворникот на 2009-01-24. Посетено на 2009-02-24.
- ↑ 29,0 29,1 Robert Sanders (2008-12-15). „Obama chooses Nobelist Steven Chu as secretary of energy“. University of California, Berkeley. Посетено на 2009-03-26.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1997“. Nobel Foundation. 1997-10-15. Посетено на 2009-03-13.
- ↑ „Steven Chu“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 2009-03-15. Посетено на 2009-03-26.
- ↑ „MIT World Speakers: Steven Chu“. Massachusetts Institute of Technology. Архивирано од изворникот на 2009-02-27. Посетено на 2009-01-13.
- ↑ „Commencement 2007: Address and Honorees“. Boston University. Архивирано од изворникот на 2008-10-12. Посетено на 2009-01-25.
- ↑ Diablo Eco Awards Diablo Eco Awards Архивирано на 6 август 2009 г.. Diablo magazine April 2009
- ↑ „Five to receive honorary degrees“. Washington University. Архивирано од изворникот на 2016-01-05. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ „Ten honorary degrees awarded at Commencement“. [arvard University.
- ↑ Finnegan, Leah (2010-05-24). „Celebs Converge At Yale's Graduation Ceremony (PHOTOS)“. Huffington Post.
- ↑ 38,0 38,1 „U.S. Secretary of Energy to speak at May 5 commencement ceremony“. The Pennsylvania State University. Архивирано од изворникот на 2012-04-28. Посетено на 2012-04-26.
- ↑ Williams College (19 март 2014). "Williams College Announces its 2014 Honorary Degree Recipients". Соопштение за печат. посет. 11 јуни 2014 г
- ↑ Williams College (19 март 2014). "Williams College Announces its 2014 Honorary Degree Recipients". Соопштение за печат. посет. 11 јуни 2014 г
- ↑ 41,0 41,1 https://royalsociety.org/people/steven-chu-11224/
- ↑ „Professor Steven Chu ForMemRS“. London: The Royal Society. Архивирано од изворникот 2014-12-24. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ Nicholas Johnston (2009-01-20). „Senate Confirms Seven Obama Nominees, Delays Clinton“. Bloomberg L.P. Посетено на 2009-01-25.
- ↑ Jake Tapper (2008-12-11). „A Nobel Prize Winner in the Cabinet“. ABC News. Посетено на 2009-03-23.
- ↑ Sky Canaves (2009-02-26). „Commerce Nominee a Locke In China“. The Wall Street Journal. Посетено на 2009-03-23.
- ↑ Müller, H.; Peters, A.; Chu, S. (2010). „A precision measurement of the gravitational redshift by the interference of matter waves“. Nature. 463 (7283): 926–9. doi:10.1038/nature08776. PMID 20164925. According to Nature he worked on this "during nights, weekends and on planes – after putting in 70–80 hours a week as energy secretary"
- ↑ Borestein, Seth (2010-07-07). „Energy secretary's hobby is nano science“. MSNBC. Associated Press. Посетено на 2010-07-12.
- ↑ Pertsinidis, A.; Zhang, Y.; Chu, S. (2010). „Subnanometre single-molecule localization, registration and distance measurements“. Nature. 466 (7306): 647–51. doi:10.1038/nature09163. PMID 20613725.
- ↑ „Japan crisis should not delay new U.S. reactors: Chu“. Reuters. 2011-03-15. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2016-02-28.
- ↑ Geman, Ben (2011-08-18). „Chu vows to 'chart a path' for safe gas drilling“. Thehill.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-24. Посетено на 2012-01-26.
- ↑ „Energy Secretary Steven Chu to resign“. Politico. Посетено на 1 February 2013.
- ↑ „Letter from Secretary Steven Chu to Energy Department Employees“. energy.gov. Посетено на 17 November 2013.
- ↑ Economist September 13, 2014
- ↑ Steven Chu: ‘Coal is My Worst Nightmare’, Wall St. Journal, December 11, 2008
- ↑ Romm, Joe (2009-02-09). „Steven Chu's full global warming interview: "This is a real economic disaster in the making for our children, for your children."“. Climateprogress.org. Посетено на 2012-01-26.
- ↑ „Councillors: Steven Chu“. Copenhagen Climate Council. Архивирано од изворникот на 2009-01-05. Посетено на 2008-12-11.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Dalton, R. (2007). „Berkeley's energy deal with BP sparks unease“. Nature. 445 (7129): 688–689. doi:10.1038/445688b.
- ↑ „Physicist Searches for Alternative Fuel Technologies“. Public Broadcasting Service. 2007-05-02. Посетено на 2008-12-16.
- ↑ Angel Gonzalez (2007-05-14). „BP Berkeley Venture Means Big Money, Big Controversy“. City of Berkeley, Central Administrative Offices. Архивирано од изворникот на 2011-06-09. Посетено на 2008-12-16.
- ↑ Goldie Blumenstylk (2007-09-28). „TV's Take on the Influence of Big Oil“. The Chronicle of Higher Education. Посетено на 2008-12-16.
- ↑ Thernstrom, Samuel (June 5, 2009). „White Makes Right? Steven Chu's Helpful Idea“. The American (magazine). Посетено на January 10, 2010. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Стивен Чу“ на Ризницата ? |
- Secretary of Energy Steven Chu at United States Department of Energy
- The Nobel Prize in Physics 1997 from Nobel Prize with biography, lecture, diploma, photos, symposia and links
- Bio Архивирано на 16 јануари 2009 г. from Lawrence Berkeley National Laboratory
- Energy@Berkeley: Solutions for Global Warming[мртва врска], Berkeley University, November 13, 2007 includes link to event on YouTube
- BP Makes Berkeley World Center for Biofuels Архивирано на 30 декември 2016 г. press release on the BP collaboration February 16, 2007
- Alternative Energy Sources Архивирано на 1 јуни 2019 г. March 28, 2005, Chu's PowerPoint presentation
- Boulder’s physicists give Chu thumbs-up Article on other Nobel laureates' reactions to Chu as Secretary of Energy
- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- UCTV Programs with Steven Chu Архивирано на 14 јануари 2013 г.
- Physics Meets Biology Архивирано на 13 јануари 2013 г.
- Berkeley's Nobel Tradition Архивирано на 13 јануари 2013 г.
- Holding on to Atoms and Molecules with Lasers: Laser Cooling – From Atomic Clocks to Watching Biomolecules Move Архивирано на 14 јануари 2013 г.
- What Can Physics Say About Life? Архивирано на 13 јануари 2013 г.
- Conversations with History: A Scientist's Random Walk, with Steven Chu Архивирано на 4 јануари 2009 г.
- Bio Архивирано на 3 јуни 2007 г. and personal page Архивирано на 10 октомври 2008 г. from Stanford University Department of Physics
- Steven Chu: Uncovering the secret life of molecules Архивирано на 26 февруари 2009 г. from Stanford [Online] Report (July 16, 1997)
- Chu's biophysics research group Архивирано на 25 октомври 2007 г. at University of California, Berkeley
- Growing energy: Berkeley Lab's Steve Chu on what termite guts have to do with global warming from UC Berkeley News (September 30, 2005)
- Chu's lecture on the Helios Project for renewable energy на YouTube March 12, 2008
- "Climate Disasters a 'Significant Possibility' Архивирано на 4 јули 2010 г. Interview with Steve Chu at Copenhagen Climate Council, November 3, 2008.
- Interview with Steven Chu from "Growing Energy" from the PBS series e² energy на YouTube
- Гостувања на C-SPAN
- Стивен Чу на Charlie Rose
- Стивен Чу на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Стивен Чу собрани вести и коментари на Вашингтон пост
- Стивен Чу собрани вести и коментари на The New York Times
- Interview, April 19, 2009
- "Weird Little Bacteria" in Our Energy Future by Steven Chu in April 16, 2012 Scientific American
- Дела од или за Стивен Чу во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Семјуел Бодман |
Министер за енергетика на САД 2009–2013 |
Наследник Даниел Понман активен |
|
- Родени во 1948 година
- Американски нобеловци
- Американски физичари
- Експериментални физичари
- Членови на Американското здружение за унапредување на науката
- Членови на Американското физичко друштво
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Оптички физичари
- Луѓе од Сент Луис
- Стенфордски универзитет
- Поборници за одржливост
- Министри за енергетика на САД
- Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли)
- Апсолвенти на Рочерстерскиот универзитет
- Странски членови на Кралското друштво
- Апсолвенти на Рочестерскиот универзитет
- Странски членови на Кинеската академија на науките
- Членови на Американското филозофско друштво