Бертам Брокхаус
Бертам Брокхаус | |
---|---|
Роден(а) | 15 јули 1918 Летбриџ, Алберта, Канада |
Починал(а) | 13 октомври 2003 Хамилтон, Онтарио, Канада | (возр. 85)
Националност | Канаѓанец |
Установи | МекМастеров универзитет |
Поважни награди | Награда за Баклиева кондензирана материја (1962) Дуделов медал и награда (1963) Хенри Маршал Торев медал (1973) Нобелова награда за физика (1994) |
Бертам Невил Брокхаус (англиски: Bertram Neville Brockhouse 15 јули 1918 — 13 октомври 2003) — канадски физичар. Тој бил награден со Нобеловата награда за физика во 1994 (поделена со Клифорд Шал) „за развојот на неутронската спектроскопија“ и „за пионерски придонеси кон развојот на техниките на неутронско расејување за проучување на кондензираната материја".
Живот
[уреди | уреди извор]Брокхаус се родил во Летбриџ, Алберта. Тој дипломирал во Британскиот колумбиски универзитет во 1947, магистрирал во Торонтскиот универзитет во 1948, а докторирал во 1950.[1]
Од 1950 до 1962, Брокхаус спровел истражување во Чалк Риверовата јадрена лабораторија за атомска енергија на Канада. Тука тој бил придружен од П. К. Јенгар, кој се смета за татко на индискиот јадрен програм.
Во 1962, тој станал професор во МекМастеровиот универзитет во Канада, каде останал сè до неговото пензионирање во 1984.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Тој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1944 со американецот Клифорд Шал од Масачусетскиот институт за технологија[2] за развојот на неутронските спектроскопски техники за проучување на кондензирани материи.
Во 1982, Брокхаус станал офицер на Поредок на Канада и бил унапреден на придружник во 1995.
Во октомври 2005, како дел од седумдесет и петтата прослава од основањето на МекМастеровиот универзитет во Хамилтон, Онтарио, Канада, улица на универзитетскиот кампус ("University Avenue") била преименувана во „Брокхаус Веј“ во чест на Брокхаус. Градот Дип Ривер, Онтарио исто така има именувано улица во негова чест.
Нобеловата награда која ја добил Бертам Брокхаус (споделена со Клифорд Шал) во 1994, најмногу се чекало да биде доделена (почнувајќи од времето кога истражувањето започнало).
Во 1999 одделението за кондензирана материја и материјална физика и Канадското здружение на физичари создале медал во чест на Брокхаус. Медалот е наречен „Брокхаусов медал“ и се доделува како препознавање и охрабрување на исклучително експериментални или теоретски придонеси во кондензираната материја и материјалната физика. Овој медал се доделува на годишно ниво на основа на исклучително експериментални или теоретски придонеси во физиката на кондензираната материја. Услов за учество е тоа што кандидатот првенствено треба да го изврши истражувањето со канадска институција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Brockhouse and the Nobel Prize - Canadian Neutron Beam Centre“. neutron.nrc-cnrc.gc.ca. Архивирано од изворникот на 2009-02-17. Посетено на 2008-06-02.
- ↑ „Clifford G. Shull, co-winner of 1994 Nobel Prize in physics, is dead at 85“. MIT-News. Massachusetts Institute of Technology. 2001-04-02. Архивирано од изворникот 2010-12-27. Посетено на 2010-12-27.
Professor Shull shared the 1994 Nobel Prize with Professor Bertram S. Brockhouse of McMaster University, Hamilton, Ontario, Canada.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- science.ca profile
- Bertram Brockhouse
- Nobel site Архивирано на 3 август 2004 г.
|