Бучим
Бучим | |
Поглед на селото | |
Координати 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Јуруклак |
Население | 400 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22003 |
Надм. вис. | 670 м |
Бучим на општинската карта Атарот на Бучим во рамките на општината | |
Бучим на Ризницата |
Бучим — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 320 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бучим во XVI век (1573 г.). Се претпоставува дека доаѓа „бучин“ што означува долг рид или пак од бука (придавско образување бучје).[4]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на крајната западна страна на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, а во истоименото рударско подрачје за експлоатација на бакар.[5] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 15 километри.[5]
До селото води асфалтен пат.
Клима
[уреди | уреди извор]Овој регион се одликува со високи температури, како одлика на изменетосредоземна клима. Според податоците од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, просечната годишна температура во подрачјето изнесува 12,8°С.
Историја
[уреди | уреди извор]Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 18,3 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 1.147,6 хектари, на шумите отпаѓаат 363,3 хектари, а на обработливото земјиште 231,3 хектари.[5]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работи продавница.[5]
Рудник „Бучим“
[уреди | уреди извор]Истоимениот рудник за бакар се наоѓа во непосредна околина на селото Бучим, на јужниот обод на планината Плачковица. Територијално и административно, рудникот припаѓа на општина Радовиш и се наоѓа на 12 километри од градот Радовиш. Рудникот Бучим се наоѓа во централно–источна Македонија, на средна надморска височина од 620 метри.
За самиот рудник а и за околината околу рудникот се направени многубројни истражувања. Едно од тие истражувања е направено за влијанието на рудникот врз почвите во неговата околина, при што одредена е погуста мрежа на мерни места. Земени се примероци од површински почви од 25 лежишта во пошироката околина на рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“. Целта на ова истражување е анализите на тешки метали во примероци од почви, односно следење на влијанието на работата на рудникот Бучим врз почвите во околината. Анализата е извршена на 20 елементи (Ag, Al, As, Ba, Ca, Cd, Co, Cr, Cu, Fe, K, Li, Mg, Mn, Na, Ni,Pb, Se, Sr и Zn), при што определувањето на овие елементи е извршено со примена на атомската впивна и оддавна спектрометрија.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бучим живееле 200 жители, сите Турци.[7]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Бучим живееле 128 жители, сите Турци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[9]
Во селото живеат Турци, од групата Јуруци. Селото во 1961 година броело 192 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 337 жители, турско население.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Бучим живееле 320 жители, сите Турци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 400 жители, од кои 388 Турци и 12 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | — | 318 | 354 | 192 | 198 | 265 | 345 | 337 | 320 | 400 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Никола Карев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Никола Карев“ - Радовиш
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Бучим било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Бучим, се наоѓале и селата Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1598 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 300 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 317 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[6]
- Бунарџик — средновековна населба;
- Воденичарски Пат — тумул од железното време;
- Грамада — некропола од железното време;
- Клисекајси - средновековна некропола
- Падарница — тумул од железното време; и
- Тумбарка — тумул од железното време.
- Џамии[18]
- Џамија — главна селска џамија.
- Езера
- Бучимско Езеро — мало езеро во близина на селото
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото игра ФК „Бунарџик“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Објект на сретселото
-
Селската џамија
-
Управен објект во селото
-
Рудник „Бучим“
-
Бучимско Езеро
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 85. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|