Прејди на содржината

Калуѓерица

Координати: 41°34′20″N 22°30′56″E / 41.57222° СГШ; 22.51556° ИГД / 41.57222; 22.51556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калуѓерица

Средишниот дел на селото

Калуѓерица во рамките на Македонија
Калуѓерица
Местоположба на Калуѓерица во Македонија
Калуѓерица на карта

Карта

Координати 41°34′20″N 22°30′56″E / 41.57222° СГШ; 22.51556° ИГД / 41.57222; 22.51556
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 651 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22024
Надм. вис. 290 м
Калуѓерица на општинската карта

Атарот на Калуѓерица во рамките на општината
Калуѓерица на Ризницата

Калуѓерица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 838 жители,[2] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Дел од селото со планината Смрдеш во позадина

Калуѓерица е големо село, сместено во јужниот дел на Радовишкото Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар делумно се издига на источната страна на планината Смрдеш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 12 километри, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено помалку од километар.[4]

До селото води асфалтен пат.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 15,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 881 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата само 55 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948684—    
1953745+8.9%
1961572−23.2%
1971708+23.8%
1981823+16.2%
ГодинаНас.±%
1991969+17.7%
1994812−16.2%
2002838+3.2%
2021651−22.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Калуѓерица живееле 290 жители од кои 190 Турци и 100 Македонци.[6]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Калуѓерица живееле 379 жители, од кои 316 Турци и 63 Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци и 100 Македонци.[8]

Во 1961 година, Калуѓерица броела 572 жители, од кои 456 биле Македонци, 110 Турци и четири жители Срби, а во 1994 година преминало во големо село со 812 жители, од кои 697 биле Македонци и 113 жители Турци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Калуѓерица живееле 838 жители, од кои 722 Македонци, 26 Турци, 88 Роми, 1 Србин и 1 останат.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 651 жител, од кои 416 Македонци, 123 Турци, 19 Роми и 93 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калуѓерица:

Година Македонци Турци Роми Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 684
1953 192 551 1 1 0 745
1961 456 110 4 2 572
1971 590 109 0 8 1 708
1981 707 100 0 5 11 823
1991 825 136 1 6 1 969
1994 697 113 0 1 1 812
2002 722 26 88 1 1 838
2021 416 123 19 0 0 93 651

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Калуѓерица е мешано македонско-турско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[10]

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Скочкини со Митевци (7 к.), Велковци (4 к.), Мијовци со Митевци и Спасовци (4 к.) и Беличовци (3 к.).
  • Турски родови:
    • Доселеници: Неџбијовци (3 к.), Кадријовци (3 к.), Меминагинци (3 к.), Неџипагинци (4 к.), Алиловци (6 к.), Арифовци (3 к.), Рустемовци (3 к.), Шемшединовци (2 к.), Ахмедовци (2 к.), Ибрахимовци (2 к.), Дестановци (3 к.), Османовци (5 к.) и Салитовци (3 к.). Доселени се кон крајот на XVII век.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Калуѓерица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Калуѓерица, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Калуѓерица, во која влегувале селата Дукатино, Калуѓерица, Радичево и Папавница.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1592 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 794 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 807 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[5]
  • Кала — градиште од доцноантичко време;
  • Манастир — населба од доцноантичко време;
  • Тумба I — могила од римското време; и
  • Тумба II — тумул од железното време.
Цркви[14]
Манастири
Џамии[14]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во село Калуѓерица активно работи и функционира фудбалскиот клуб ФК „Извор“ кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 јануари 2022.
  14. 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]