Штурово
Штурово | |
Поглед на селото Штурово | |
Координати 41°40′50″N 22°28′36″E / 41.68056° СГШ; 22.47667° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Јуруклак |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22050 |
Надм. вис. | 782 м |
Штурово на општинската карта Атарот на Штурово во рамките на општината | |
Штурово на Ризницата |
Штурово — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Штурово во XX век (1900 г.). Името е придавско изведено од штур со значење на скуден, мршав, празен или пуст или пак од антропонимот Штур(о) со значење „за човек празен, празноглав, глупав“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од штурец.[4]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужните падини на планината Плачковица.[5] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 750 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 7 километри.[5]
Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431.
Историја
[уреди | уреди извор]Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 6,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 451 хектар, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на обработливото земјиште 68 хектари.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.[7]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Штурово живееле 134 Турци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[9]
Штурово е мало село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 80, а во 1994 година само 24 жители.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Штурово живееле 11 жители, сите Македонци.[2]
До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 60 | — | 227 | 257 | 80 | 102 | 52 | 35 | 24 | 11 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Штурово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1604 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[6]
- Курешњак — средновековна населба;
- Мезарл’к — средновековна некропола; и
- На Ридот — средновековна некропола.
- Споменици
- Споменик на НОБ пред влезот на селото
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќа во селото
-
Натписна плоча на селската чешма
-
Спомен-плоча на НОБ
-
Споменик на НОБ
-
Селска чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 мај 2016.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 25 мај 2016.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 210. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 324. Посетено на 25 јануари 2022.
- ↑ 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 25 јануари 2022.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|