Раклиш
Раклиш | |
Средишниот дел на селото | |
Координати 41°37′48″N 22°28′56″E / 41.63000° СГШ; 22.48222° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 559 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22039, 22539 |
Надм. вис. | 380 м |
Раклиш на општинската карта Атарот на Раклиш во рамките на општината | |
Раклиш на Ризницата |
Раклиш — некогашно село и денешна населба на градот Радовиш, во Општина Радовиш.
Според пописот од 2002 година, населбата имала население од 570 жители,[2] со што населбата се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Раклиш во XVI век (1519 г.). Се претпоставува дека доаѓа од „ракла“ што означува раздел на дрво, чатал или сандак. Другата претпоставка е од личното име Ракле.[4]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, недалеку од самиот град Радовиш, со што припаѓа на неговата рурбална зона.[5] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 380 метри.[5]
Населбата се наоѓа на патот кон селата Ораовица и Подареш, и по течението на река Марлада.
Историја
[уреди | уреди извор]Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 616 хектари, па затоа селото има полјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[5]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раклиш живееле 270 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раклиш имало 320 Македонци, од кои 240 под врховенството на Бугарската егзархија и 80 протестанти.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 430 жители, а во 1994 година бројот изнесувал 479 жители.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Раклиш живееле 570 жители, од кои 561 Македонец, 1 Турчин, 2 Срби и 6 останати.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 559 жители, од кои 509 Македонци, 1 Албанец, 11 Турци, 3 Роми, 3 останати и 32 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 320 | 414 | 408 | 430 | 429 | 593 | 471 | 479 | 570 | 559 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Раклиш е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[15]
- Доселеници: Каратасевци (2 к.), доселени се однекаде во XVIII век; Стефановци (2 к.), доселени се одамна од Радовиш; Поцковци (1 к.), доселени се од некое околно село во Радовишко; Глигоровци (2 к.), доселени се од Радовиш; Кршковци (2 к.), доселени се од некое село во оваа област (Радовишко); Кочовци (2 к.), исто така од некое село во оваа област; Пецановци (2 к.), доселени се од Радовиш во XIX век; Дамјановци (2 к.), доселени се од селото Дамјан; Милевци (1 к.), доселени се од Радовиш. А уште подалечно потекло имаат од Тиквеш; Газеповци (2 к.), не знаат од каде се доселени; Мицевци (1 к.), доселени се од Радовиш; Темелковци или Тодоровци (2 к.), се од некое блиско село; Џековци или Алиџековци (10 к.), доселени се од Воислачки Чифлик; Коцевци (1 к.), доселени се од некое село во Тиквеш; Попадијевци (1 к.), доселени се од Радовиш; Аневци (2 к.), и тие се од Радовиш; Спасовци или Мицевци (3 к.), доселени се од селото Погулево; Костовци (2 к.), доселени се од селото Дукатино кај Струмица; Богатинци (3 к.), доселени се од селото Дамјан; Костовци (1 к.), доселени се од селото Воиславци; Мијајловци (2 к.), доселени се од селото Дукатино кај Струмица; Лисковци (1 к.), доселени се од селото Инево; Ѓоргевци (2 к.), исто така доселени се од селото Инево.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Никола Карев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Никола Карев“ - Радовиш
- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Раклиш било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Раклиш, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната градска општина Радовиш, во која влегувале градот Радовиш и селото Раклиш.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1589 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 543 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 546 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[6]
- Јазо — населба од доцноантичкото време;
- Казаница — вила рустика од римското време;
- Крст - Жешка Вода — населба-викус од римското време; и
- Скрдо — вила рустика од римското време.
- Цркви[19]
- „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква (православна црква од XIX век); и
- Евангелско-методистичка црква — месната евангелско-методистичка црква.
- Споменици
- Споменик на НОБ во селскиот парк
- Биста на Илија Алексов во селскиот парк
- Природни извори
- Фонтана на геотермални води во селскиот парк[20]
-
Фонтана во паркот
-
Споменик на НОБ
-
Биста на Илија Алексов
-
Евангелско-методистичката црква
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Раклиш
- Славчо Џеков (1924-1999) — универзитетски професор
- Ванчо Чифлиганец (р. 1954) — стопанственик
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото работеле два фудбалски клубови.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Улица во населбата
-
Улица во населбата
-
Детско игралиште
-
Езерце во паркот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 22 јануари 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 135. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 253. Посетено на 22 јануари 2022.
- ↑ 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 330. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 22 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Trajkov, Vane (2021-01-25). „Општина Радовиш планира нови истражувања на термалните води кај Раклиш, се изготвува проект“. Дрнка. Посетено на 2022-01-22.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|