Прејди на содржината

Шипковица (Радовишко)

Координати: 41°44′52″N 22°27′51″E / 41.74778° СГШ; 22.46417° ИГД / 41.74778; 22.46417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шипковица

Поглед на селото од далечина

Шипковица во рамките на Македонија
Шипковица
Местоположба на Шипковица во Македонија
Шипковица на карта

Карта

Координати 41°44′52″N 22°27′51″E / 41.74778° СГШ; 22.46417° ИГД / 41.74778; 22.46417
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Радовишки Шоплук
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22048
Надм. вис. 1.200 м
Шипковица на општинската карта

Атарот на Шипковица во рамките на општината
Шипковица на Ризницата

Шипковица — раселено село во Општина Радовиш, во областа Радовишки Шоплук, во околината на градот Радовиш.[2]

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]
Куќа во околината каде се наоѓа Партизанската болница

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Шипковице во XIV век (1347-50 г.). Неговото значење доаѓа од шипка, што може да означува шипкова река и/или шума.[3]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, на југозападната падина на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на општините Виница и Карбинци.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.200 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, од кој е оддалечен 15 километри.[4]

До селото води земјен пат од две страни: од селото Козбунар со исклучување на регионалниот пат 2431, или пак од крајот на асфалтираниот дел на регионалниот пат во околината на хотелот „Бел Камен“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.923 хектари, на пасиштата отпаѓаат 114 хектари, а на обработливото земјиште 90 хектари.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953258+8.4%
1961190−26.4%
1971133−30.0%
198155−58.6%
ГодинаНас.±%
199130−45.5%
199420−33.3%
20020−100.0%
20212—    

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 85 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шипковица имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото имало 190 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 20 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Шипковица немало жители.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 176 238 258 190 133 55 30 20 0 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Шипковица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Шипковица, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Козбунар, Коџалија, Парналија, Раклин и Супурге. Во периодот 1950-1952, селото претставувало дел од некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1607 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[5]
Споменици
  • Партизанска болница — болница за време на НОБ за ранетите во борбите со бугарските окупатори
  • Споменик на НОБ кај Партизанската болница
Реки[17]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Шипковица

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 204. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 322. Посетено на 25 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 25 јануари 2022.
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  18. „Општина Радовиш | ОДБЕЛЕЖАНИ 75 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДЕДО ДАНЕ ТРАЈКОВ“. radovis.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 2022-01-18.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]