Пиперово
Пиперово | |
Поглед на селото Пиперово | |
Координати 41°34′26″N 22°16′09″E / 41.57389° СГШ; 22.26917° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30043 |
Надм. вис. | 537 м |
Слава | Голема Богородица |
Пиперово на општинската карта Атарот на Пиперово во рамките на општината | |
Пиперово на Ризницата |
Пиперово — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Пиперово се наоѓа на 20 километри југозападно од градот Штип. До селото води асфалтен пат, кој бил обновен во 2014 година.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото во XIX век било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 496 жители, од кои 276 Македонци и 220 Турци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пиперово имало 368 Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 20 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 496 | 368 | 385 | 394 | 401 | 292 | 89 | 46 | 28 | 20 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Штип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Пиперово, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната Општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2304 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[13]
- Црква „Св. Теодор Тирон“ — гробјанска црква, изградена во XIX век;
- Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква, изградена во 1930 г.;
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Градиште - Чука — утврдување од доцноантичко време
- Црквиште — средновековна црква со некропола
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Голема Богородица — селска слава
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Стара руинирана куќа на сретсело
-
Селска чешма на сретсело
-
Селските гробишта околу црквата „Св. Теодор Тирон“
-
Црквата „Св. Теодор Тирон“
-
Црквата „Св. Богородица“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Обновен патот кон селото Пиперово во Штип“. НетПрес. НетПрес. 25 август 2014. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 - 135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 мај 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 439. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|