Прејди на содржината

Мрежичко

Координати: 41°12′28″N 21°59′45″E / 41.20778° СГШ; 21.99583° ИГД / 41.20778; 21.99583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мрежичко

Поглед на селото

Мрежичко во рамките на Македонија
Мрежичко
Местоположба на Мрежичко во Македонија
Мрежичко на карта

Карта

Координати 41°12′28″N 21°59′45″E / 41.20778° СГШ; 21.99583° ИГД / 41.20778; 21.99583
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11029
Надм. вис. 500 м
Слава Митровден
Мрежичко на општинската карта

Атарот на Мрежичко во рамките на општината
Мрежичко на Ризницата

Мрежичко — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Панорама на селото

Селото се наоѓа југозападниот дел од Општина Кавадарци, меѓу сливните подрачја на Црна Река и Бошавица, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 34 километри.[2]

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 57,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.251 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 314 хектари, а на пасиштата 127 хектари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Мрежичко било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Поглед на фабриката за вода „Кожувчанка“

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Во самото село се наоѓаат погоните на фабриката за производство на вода Кожувчанка.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948619—    
1953605−2.3%
1961320−47.1%
1971253−20.9%
1981126−50.2%
ГодинаНас.±%
199152−58.7%
199457+9.6%
200232−43.9%
20218−75.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мрежичко имало 431 жител, од кои 425 Македонци христијани и 6 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрежичко имало 320 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]

Поради иселување на населението, Мрежичко преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година имало 320 жители, од кои 304 биле Македонци, 8 Срби, 3 Хрвати и петмина жители муслимани, а во 1994 година 57 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мрежичко имало 32 жители, од кои 31 Македонец и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 5 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 431 320 619 605 320 253 126 52 57 32 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Поглед на селото

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мрежичко, во која селото Мрежичко било единствено.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Мрежичко се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Рожден.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0711 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница и младински дом во селото.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[14]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Мрежичко:

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта
  • Васов Град — утврдена населба од доцноантичко време
Природни реткости

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Од 2016 година, селото претставува средишна точка на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202. Посетено на 9 декември 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 декември 2017.
  13. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 9 декември 2017.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]