Прејди на содржината

Куманичево

Координати: 41°17′01″N 21°59′41″E / 41.28361° СГШ; 21.99472° ИГД / 41.28361; 21.99472
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село во Костурско, видете овде.
Куманичево
Куманичево во рамките на Македонија
Куманичево
Местоположба на Куманичево во Македонија
Куманичево на карта

Карта

Координати 41°17′01″N 21°59′41″E / 41.28361° СГШ; 21.99472° ИГД / 41.28361; 21.99472
Регион  Вардарски
Општина Кавадарци
Население 7 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 11026
Куманичево на општинската карта

Атарот на Куманичево во рамките на општината
Куманичево на Ризницата

Куманичево — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во источниот дел на Тиквешијата. Целата западна атарска граница му излегува на Тиквешкото Езеро.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Куманичево е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.[2]

Во XIX век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948383—    
1953306−20.1%
1961308+0.7%
1971148−51.9%
198141−72.3%
ГодинаНас.±%
199122−46.3%
19947−68.2%
20027+0.0%
20217+0.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куманичево живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куманичево имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 7 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 320 383 306 308 148 41 22 7 7 7
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Куманичево е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Јанчевци-Поповци (20 к.), Тасевци (11 к.), Чулешковци (10 к.), Гиновци (3 к.), Палеовци (4 к.), Јечменковци (2 к.), Мојсовци (2 к.), Угриновци (1 к.) и Бајрактаровци (1 к.).
  • Доселеници: Божиновци (10 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од мариовското село Полчиште; Афтовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Тодоровци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Бошковци (3 к.) доселени се од селото Драгожел, а таму се доселени кон крајот на XVII век од Велешко; Шоповци (1 к.) доселени исто така од Драгожел, а таму се доселени од Штипско во XVII век; Сабловци (1 к.) доселени се од селото Конопиште; Бајковци (1 к.) доселени се од селото Градиште; Пачовци (1 к.) доселени се од селото Бојанчиште, а таму од селото Полчиште кон крајот на XVIII век.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Град — утврдена населба со некропола од доцноантичко време
  • Градот — утврдена населба и некропола од доцноантичко време
  • Грамаѓе — утврдена населба од доцноантичко време

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Куманичево:

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 153. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]