Прејди на содржината

Шивец

Координати: 41°26′54″N 21°55′49″E / 41.44833° СГШ; 21.93028° ИГД / 41.44833; 21.93028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шивец

Поглед на селото

Шивец во рамките на Македонија
Шивец
Местоположба на Шивец во Македонија
Шивец на карта

Карта

Координати 41°26′54″N 21°55′49″E / 41.44833° СГШ; 21.93028° ИГД / 41.44833; 21.93028
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Тиквеш
Население 52 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1424
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11045
Надм. вис. 180 м
Шивец на општинската карта

Атарот на Шивец во рамките на општината
Шивец на Ризницата

Шивец — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Стара напуштена куќа во селото

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 180 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри.[2] Селото е сместено во близина на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, а во непосредна близина на металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“.

Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 510 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 157 хектари.[2]

Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има збиен карактер. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото било христијанско, а денешното село настанало со спуштање на селаните поради вода од Пашини Грамади на Љубеш кон крајот на XVIII век.[3]

Во XIX век, Шивец било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.[2]

Селаните биле орачи и уште во времето на Турците се ослободиле. Селаните ловеле и риба на Црна.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948253—    
1953280+10.7%
1961271−3.2%
1971285+5.2%
1981228−20.0%
ГодинаНас.±%
1991136−40.4%
1994120−11.8%
200291−24.2%
202152−42.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Шивец имало 230 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шивец имало 272 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 271 жител, а во 1994 година 120 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Шивец имало 91 жител, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 43 Македонци и 9 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 272 253 280 271 285 228 136 120 91 52
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Како родови во Шивец се споменуваат:[3]

  • Старинци од старото село (Пашини Грамади): Самандовци (6 к.), Недевци (2 к.), Србовци (4 к.), Димковци (3 к.), Здравевци (2 к.), Јанчевци (3 к.) и Самовци (5 к.)
  • Доселеници: Паневци (1 к.) доселени се во 1860 година од некое село во Мариово; Горевци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Манастирец; Јовановци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Трстеник; Милошевци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Праведник; Здравевци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Возарци; Марковци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Возарци; Бошевци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Драдња; Крстевци (1 к.) доселени се во 1908 година од Кавадарци; Илевци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Бегниште.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Шивец се наоѓале селата Брушани, Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш и Шешково.

Главната селска црква „Св. Стефан“

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0699 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објект на општината.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[16][17]
Археолошки наоѓалишта[18]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 372. Посетено на 18 февруари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 446-447. |access-date= бара |url= (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 февруари 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 18 февруари 2018.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-17. Посетено на 18 февруари 2018.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 18 февруари 2018.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 161. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]