Думановце
Думановце | |
Координати 42°12′44″N 21°32′34″E / 42.21222° СГШ; 21.54278° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1307 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17035 |
Надм. вис. | 580 м |
Думановце на општинската карта Атарот на Думановце во рамките на општината | |
Думановце на Ризницата |
Думановце или Думановци — село во Општина Липково, Кумановско. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа од левата страна на Липковска Река, чиј еден дел е потопен од езерото Глажња. Лежи на надморска височина од 580 м[3] Најсеверниот дел на атарот се граничи со Општина Гнилане во Косово.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Думановце е населено уште од римско време, за што сведочат археолошките наоѓалишта во неговиот атар.[4]
На крајот на XIX век Думановце било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Думановци имало 245 жители Македонци христијани.[5][6]
Во 1900 г. според бугарски извори, 34 куќи преминале на страната на српската пропаганда.[7]
Целото христијанско население на селото било под влијание на српската пропаганда и потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. Според патријаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 г. во селото имало 36 „српски“ патријаршистички куќи.[8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Думановци имало 312 Македонци кои биле патријаршисти и „србомани“.[5][9]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото имало полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа 13 км2, од кои 1.041,92 ха отпаѓаат на шуми, 185,3 ха на обработливо земјиште и 52,3 ха на пасишта.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[10]
Иако во минатото Думановце било село со постојан раст на населението (речиси сите Македонци), во поновиот период е меѓу селата со најголем одлив на населението во земјата. Бројот на населението доживеал огромен пад во текот на 1970-тите години, од 605 жители во 1971 г. на само 30 жители во 1981 г.[11] Ова испразнување на селото се совпаѓа со изградбата на акумулацијата Глажња. Иселувањето продолжило и понатаму, за селото да биде сосема напуштено во 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Думановце немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 245 | 312 | 477 | 521 | 614 | 605 | 30 | 9 | 9 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Градски Дол — населба од римско време
- Манастир Св. Богородица — осамени наоди од римско време
- Селиште — викус (село) од римско време
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Според истражувањата вршени во текот на втората половина на XX век за родовите со потекло од Думановце во разни населени места. Речиси сите испитаници се лица чии предци се иселиле од селото во подамешно време.
- Агино Село, Оп. Куманово — род Лопатарци, доселени од Лопате, а со подалечно потекло од Думановце[16]
- Герман, Оп. Ранковце — род Ѓуринци (4 куќи), доселени околу 1839 г.[17]
- Горно Коњаре, Оп. Куманово — род Думановчани (2 куќи), доселени по Втората светска војна[18]
- Градиште, Оп. Куманово — род Думанци (6 куќи), доселени во турско време[18]
- Долно Коњаре, Оп. Куманово — род Јаќимовиќи (1 куќа), доселени во турско време[18]
- Жељувино, Оп. Старо Нагоричане — род Думановци (5 куќи), доселени во првите децении на XIX век[18]
- Карабичане, Оп. Куманово — род Кечини (3 куќи)[18]
- Отошница, Оп. Ранковце — род Коларци (3 куќи), доселени околу 1855 г.[17]
- Умин Дол, Оп. Куманово — род Думановчани (5 куќи)[18]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 117. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 297.
- ↑ Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Думановце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске Котлине - развитак села, порекло становништва, привредне одлике (српски). 5. Скопје: Филозофски факултет. стр. 33–35.
- ↑ 17,0 17,1 Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|