Оризари (Кумановско)
Оризари | |
Координати 42°09′40″N 21°37′06″E / 42.16111° СГШ; 21.61833° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Област | Жеглигово |
Население | 1.692 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1307 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17073 |
Надм. вис. | 400 м |
Оризари на општинската карта Атарот на Оризари во рамките на општината | |
Оризари на Ризницата |
Оризари — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од 4,9 км2.[2] Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.
Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.[3]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Оризар како македонско село.[4] По извесно време овде се доселиле голем број Албанци, а македонското население драстично опаднало. На крајот од XIX век Оризари станало мешано македонско-албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Оризари имало 24 Македонци христијани и 180 Арнаути муслимани.[5][6]
На почетокот на XX век по податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари имало и 60 христијани — Роми.[7]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци и 50 Роми.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители, од кои 3 Македонци, 2.064 Албанци и 27 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.692 жители, од кои 1.666 Албанци и 26 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 204 | — | 817 | 915 | 966 | 1.282 | 1.522 | 0 | 1.847 | 2.094 | 1.692 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Беловина — некропола од римско време
Личности
[уреди | уреди извор]- Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај.
- Хајдар Јашари (1909–1991) — духовно лице
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 222. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.128-129.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|