Ропалце
Изглед
Ропалце | |
Координати 42°6′34″N 21°37′12″E / 42.10944° СГШ; 21.62000° ИГД | |
Општина | Липково |
Население | 1.212 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 17087 |
Надм. вис. | 487 м |
Ропалце на општинската карта Атарот на Ропалце во рамките на општината | |
Ропалце на Ризницата |
Ропалце — село во Општина Липково во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 50 Македонци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.373 жители, од кои 1 Македонец, 1.355 Албанци, 7 Срби и 10 останати,[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.212 жители, од кои 1.173 Албанци, 1 Бошњак и 38 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | — | 516 | 602 | 685 | 815 | 923 | 4 | 1.060 | 1.373 | 1.212 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови:
[уреди | уреди извор]- Еден од најстарите албански родови во селото е родот Дерњан (21 куќа). Името го добиле според поранешното место на живеење (Дерјан) во областа Мат, во северна Албанија.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се:[9]
Албански
- Староседелци: Демир (6 к.) на ислам преминале во почетокот од XIX век, во времето кога почнале да се доселуваат предците на другите муслимански родови. Сега се издаваат дека припаѓаат на фисот Гаш, но тоа не им го признаваат останатите муслимани. Поради промената на верата некои овој род го нарекуваат и Торбеши. Од овој род има иселеници во Куманово (три семејства) и во Турција (три семејства).
- Доселеници: Асанови (24 к.) потекнуваат од фисот Битич (они го викаат и Бутич) во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Бислим (жив на 65 г. во 1941 година) Рамадан-Исен-Асан, последниот е роден во северна Албанија. Имаат иселеници во Скопје (три семејства), Куманово (две семејства), Батинци и во Турција (едно семејство); Дерњан (21 к.) потекнуваат од некое место Дерњан во околината на Мат во северна Албанија. Некое време живееле во Дебарско пред да се доселат во денешното село. Имаат иселеници во Скопје (пет семејства) и во Куманово (едно семејство).
Православни
- Доселеници: Момиќи (2 к.) доселени се во 1921 година од Босна; Митровиќи (2 к.) доселени се од селото Барбанце во Пчиња. Овде живеат од 1924 година; Стојановиќ (1 к.) доселени се во 1927 година од Шумата Трница кај Ристовац; Близнакови (1 к.) доселени се во 1929 година од истото место како и претходниот род; Станислав (1 к.) доселени се од Магленца кај Ристовац; Антеви (1 к.) доселени се во 1934 година од Трговиште.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|