Р’нковце
Р’нковце | |
Координати 42°10′21″N 21°32′50″E / 42.17250° СГШ; 21.54722° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1307 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17085 |
Надм. вис. | 780 м |
Р’нковце на општинската карта Атарот на Р’нковце во рамките на општината | |
Р’нковце на Ризницата |
Р’нковце или Р’нковци (албански: Hërkoc/Orkoc) — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено западните делови на Скопска Црна Гора, недалеку од патот од Липково кон Липковското Езеро. Лежи во планински предел, на надморска височина од 780 м, а атарот зафаќа површина од 2,8 км2.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век Р’нковце било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хрнковци (Хрънковци) се состоело од 50 Арнаути муслимани и 50 Роми.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Според податок од 1998 г. Р’нковце располага со 199 ха шуми и 47 ха обработливо земјиште.[2]
Демографија
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]
Селото доживеало двоен пораст во првите децении на XX век. Според пописите од 1953 и 1961 г. огромен дел од жителите на Р’нковце биле Турци.[5] Ова се сменило во текот на 1960-тите кога Турците се иселиле, а на нивно место дошле голем број Албанци. Така, од вкупно 201 жител во 1971 г. имало 17 Турци, 3 Македонци, а останатите биле Албанци. Во наредните пописни години во ’Рнковце живееле исклучиво Албанци, а населението покажува неколкукратен пад.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 21 жител, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 213 | 178 | 184 | 201 | 89 | 0 | 35 | 21 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
[уреди | уреди извор]Р’нковце денес е албанско село
Според податоците од 1941 година, родови во селото се:[10]
- Доселеници: Селманови (10 к.), Аметови (9 к.) и Данови (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од местото Чаје во северна Албанија. Предците на овие родови биле блиски роднини.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 260. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Р’нковце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|