Извор (Кумановско)
- За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница
Извор | |
Координати 42°12′12″N 21°34′41″E / 42.20333° СГШ; 21.57806° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Област | Жеглигово |
Население | 20 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1325 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17041 |
Надм. вис. | 810 м |
Извор на општинската карта Атарот на Извор во рамките на општината | |
Извор на Ризницата |
Извор — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во сливното подрачје на Липковска Река, делумно заезерена со акумулацијата Глажња. Атарот е планински, со површина од 5,8 км2[2] Од источната страна на селото минува регионалниот пат Опае - Злокуќане (Р29272) кој води до граничниот премин за Косово.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е спомнато се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.[3]
На крајот од XIX век Извор било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Извор имал 160 Арнаути муслимани.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Извор има скромно земјоделство. Од вкупната површина на атарот, 347 ха се шуми, 163 ха се обработливо земјиште, а само 57 ха отпаѓа на пасишта[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Во 1950-тите и 1960-тите, Извор бил населен претежно од Турци, Албанците биле малцинство (17,9 % во 1953, а 12,4 % во 1961 г). Ова се сменило во текот на наредната деценија, која Турците целосно се иселиле, а на нивно место се доселиле голем број Албанци. Сепак, во 1970-тите населението (сега целосно албанско) доживеало голем пад, кој продолжил сè до денес. На пописот од 2002 година, селото имало 4 жители.
Во 2002 година, селото имало 4 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 304 | 296 | 354 | 293 | 86 | 0 | 30 | 4 | 20 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Изворска џамија
- Подрачно основно училиште на ОУ „Фаик Коница“ - Слупчане
Личности
[уреди | уреди извор]- Сејфедин Сулејмани (1938-2008) — писател и политичар
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 135. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1996, с. 57
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|