Руница
Руница Ругинце | |
Координати 42°12′51″N 21°36′39″E / 42.21417° СГШ; 21.61083° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 82 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1325 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17089 |
Надм. вис. | 600 м |
Руница на општинската карта Атарот на Руница во рамките на општината | |
Руница на Ризницата |
Руница (албански: Runica, албанизиран облик на изворното име Ругинце/Ругинци[2]) — село во Општина Липково, Кумановско, во северниот дел на Македонија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова ридско село се наоѓа во Кумановското Поле, помеѓу Извор на југозапад и Ваксинце на југоисток. Како населба од разбиени тип, поделено е на маала и има просечна надморска височина од 600 м. Атарот зафаќа 13 км2.[3] Маалата се следниве: Горна, Кукска, Османска, Пилска и Труќска.
Од повисоките делови на атарот дотекуваат помали рекички како Стража, Белановска, Бачовинска и Пилска Река, и јужно од селото ја образуваат Ругинска Река. Таа малку подолу ја прима притоката Бела Вода и тече под името Слупчанска Река низ селата Слупчане и Опае, завршувајќи како притока на Липковска Река кај с. Лопате.
Историја
[уреди | уреди извор]Ругинци се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.[4]
На крајот од XIX век Ругинце било мешано македонско-албанско село во Кумановската каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ругинце имало 462 жители Македонци христијани и 350 Арнаути муслимани.[5][6]
Целото христијанско население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и налетот на бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Ругинци имало 520 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][7]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има полјоделско-сточарско стопанство, а има и услужни објекти. Според податок од 1998 г. Руница имала 602 ха обработливо земјиште и 558 ха пасишта.[3]
Демографија
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[8]
Интересно е да се забележи дека пописите од првите децении по Втората светска војна во Руница е заведен значаен број на турско население.[9] Не е познато дали станува збор за фактички Турци кои се доселиле на местото на иселено македонско население, или пак погрешно заведување на пописните наоди.
Така, во 1953 г. од вкупно 731 жител, попишани се 473 Албанци и 256 Турци. На следниот попис од 1961 г. од вкупно 761 жител заведени се 219 Албанци и дури 538 Турци. На следниот попис во селото останале само 10 Турци, а во наредните години селото немало ниеден Турчин. Во текот на 1970-тите населението значајно опаднало, од 705 жители во 1971 на 438 жители во 1981 г. За 1991 г. не постојат податоци, бидејќи населението го бојкотирало пописот. Големото иселување продолжило и понатаму, така што во 1994 г. селото имало вкупно 182 жители, сите Албанци. Во 1990-тите Руница продолжила да се празни.
Според пописот од 2002 година, селото имало 69 жители, сите Албанци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 82 жители, од кои 68 Албанци и 14 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 462 | — | 654 | 731 | 761 | 705 | 438 | 0 | 182 | 69 | 82 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Различно од селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане.
- ↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 263. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1996, с. 57
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127. Податоците може да се однесуваат на Руѓинце во денешната Општина Старо Нагоричане.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Руница — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|