Прејди на содржината

Зарапинци

Координати: 41°56′31″N 22°08′50″E / 41.94194° СГШ; 22.14722° ИГД / 41.94194; 22.14722
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зарепинци)
Зарапинци
Зарепинци

Панорама на селото Зарапинци

Зарапинци во рамките на Македонија
Зарапинци
Местоположба на Зарапинци во Македонија
Зарапинци на карта

Карта

Координати 41°56′31″N 22°08′50″E / 41.94194° СГШ; 22.14722° ИГД / 41.94194; 22.14722
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21013
Надм. вис. 425 м
Зарапинци на општинската карта

Атарот на Зарапинци во рамките на општината
Зарапинци на Ризницата

Зарапинци или Зарепинци[а] — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Зарапинци е сместено во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река, а од Пробиштип е оддалечено 9 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 425 м. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 4,5 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Зарапинци се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало двајца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Во 2014 г. на селото е официјално преименувано во Зарапинци.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Вкупната земјоделска површина во атарот на селото изнесува 423 ха. Од нив 213,5 се пасишта, 204,5 ха се обработливо земјиште, а остатокот отпаѓа на шуми.[2][5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948108—    
1953102−5.6%
1961103+1.0%
197195−7.8%
198164−32.6%
ГодинаНас.±%
199127−57.8%
199422−18.5%
200212−45.5%
20214−66.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зарапинци имало 42 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зарапинци имало 48 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 7, а бројот на живеалишта 12.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 42 48 108 102 103 95 64 27 22 12 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Зарапинци е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Грамодолци (4 к.) единствени староседелци во селото.
  • Доселеници: Горовци (3 к.) доселени се во првата половина на XVIII век од Прилепско; Спасовци (4 к.) доселени се на крајот од XVIII век од Кривопаланечко; Камењарци (1 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Лесново; Димовци (2 к.) доселени се после турското владеење од селото Гујновци; Лазовци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Горно Барбарево; Пржевци (1 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Кокошиње кај Куманово; Буја (1 к.) време на доселување како и претходните родови. Доселени се од селото Мартиница кај Крива Паланка; Џемпараци (1 к.) време на доселување како и претходните родови, доселени се од селото Габар кај Крива Паланка; Арсовци (1 к.) доселени кога и претходните родови. Доселени се од Црцорија кај Крива Паланка.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Пејзаж во Злетовско-пробиштипско со селото Зарапинци од левата страна

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Зарапинци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1544 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]


  • а Во различни извори, селото се среќава под името „Зарапинци“[2][5] или „Зарепинци“.[9][17]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 129.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848.
  4. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29.
  5. 5,0 5,1 Населени места во Општина Пробиштип — Зарапинци, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 136-137.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. 9,0 9,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 ноември 2016.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Поштенски Број 2210, Пробиштип Архивирано на 2 септември 2021 г., телефонски броеви на cybo.com.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]