Прејди на содржината

Стража (село)

Координати: 42°14′59″N 21°36′17″E / 42.24972° СГШ; 21.60472° ИГД / 42.24972; 21.60472
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стража)
Стража
Стража во рамките на Македонија
Стража
Местоположба на Стража во Македонија
Стража на карта

Карта

Координати 42°14′59″N 21°36′17″E / 42.24972° СГШ; 21.60472° ИГД / 42.24972; 21.60472
Регион  Североисточен
Општина Липково
Област Скопска Црна Гора
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1325
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17095
Надм. вис. 1080 м
Стража на општинската карта

Атарот на Стража во рамките на општината
Стража на Ризницата

Стража — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е планинско, сместено под североисточната падина на Скопска Црна Гора[3], до самата граница со Србија (Општина Прешево).

На околу 500 м на северозапад од главната населба е Табак Маало, сместено на повисок дел од падината.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Стража било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стража се состоела од 100 „Арнаути муслимани“.[5]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948169—    
1953171+1.2%
1961158−7.6%
197189−43.7%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]

Иако на претходните етнографски прегледи населението е укажано како албанско (т.е. „арнаутско“), на пописот во 1951 г. тоа се води со 171 жител, од кои 162 Турци и само 9 Албанци.[7] Во текот на 1950-тите деценија бројот на Турци и Албанци се изедначил, веројатно поради иселувањето на Турците. Во 1971 г. Стража се свела на 89 жители — сите Албанци. Селото е целосно напуштено во текот на 1970-тите години.[3] Според пописот од 2002 година, нема ниеден постојан жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 169 171 158 89 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 287. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Табак Маала (10305055) — GeoNames
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Стража — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]