Горно Оризари (Битола): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
mk.wikipedia.org/wiki/Горно_Оризари |
Нема опис на уредувањето Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
||
Ред 16: | Ред 16: | ||
| карта = Горно Оризари во Општина Битола.svg |
| карта = Горно Оризари во Општина Битола.svg |
||
}} |
}} |
||
'''Горно Оризари''' — |
'''Горно Оризари''' — село во североисточниот дел на градот [[Битола]], на излезот кон [[Прилеп]], во централниот дел на територијата на [[Општина Битола]]. |
||
== Географија и местоположба == |
== Географија и местоположба == |
Преработка од 20:10, 5 април 2021
Горно Оризари | |
Координати 41°3′3″N 21°20′48″E / 41.05083° СГШ; 21.34667° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Население | 2.454 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02025 |
Надм. вис. | 565 м |
Горно Оризари на општинската карта Атарот на Горно Оризари во рамките на општината | |
Горно Оризари на Ризницата |
Горно Оризари — село во североисточниот дел на градот Битола, на излезот кон Прилеп, во централниот дел на територијата на Општина Битола.
Географија и местоположба
Горно Оризари е населба во градот Битола која се наоѓа на излезот кон Прилеп на магистралниот пат М-5. Во оваа населба се наоѓа ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари, фабриката „Лозар“ и фабриката за тутун „Сокотаб“. Низ оваа населба поминува железничката пруга Битола - Скопје. Јужно од оваа населба се битолските нови и стари гробишта, како и црквата Црква „Св. Недела“ - Битола. Горно Оризари е административно во состав на Општина Битола, брои 2.454 жители од кои 2.431 се Македонци, од нив 1.209 биле мажи, а 1.222 жени. Порано село, сега приградска населба во Битола, Горно Оризари е сместено северно од Битола (на далечина од само 1 км), источно од излезниот пат кон Прилеп, и ограничениот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно).
Околни села се: Долно Оризари на исток и Раштани на запад. Порано, водата за пиење се добивала од чешми (две) и еден бунар. Во дворот од секоја куќа бунарот обично бил длабок 5-10 метри. Но, водата од нив била тешка и избивала од земјата, феномен кој се нарекува "езерска глина".
Атарот на населбата е голем. Потези се: Тумба, Рид, Градено, Лозје, Мутишица, Ограѓе, Подлинија, Гладно Поле, Средно Патче, Мерите и Чаир. Горно Оризари е населба од збиен тип. Куќите во стариот дел од населбата се групирани во две маала: Горно и Долно. Поединечни делови во маалата се викаат по родовите - Галевци, Реџовци, Аршинковци итн.
Улици
Улици во оваа населба се:
- Ванчо Јаневски
- Васил Брклевски
- Владимир Назор (8 Септември)
- Костурска
- Крсте Нале
- Кукуш
- Мраморец
- Петко Шалевски (Кире Костадиновски)
- Рашанец
- Раштанска
- Стара Чешма
Историја
Крај патот Битола - Прилеп е потегот Тумба. Во 50. години од минатиот век, во селото се пронајдени остатоци од гробови. Мештаните говорат дека тоа биле "арапски гробишта". По тоа тие заклучуваат дека некогаш во ова село живееле Арапи. На местото на тие гробишта денес се наоѓа фабриката за изработка на цигли.
Горно Оризари се вбројува во постарите села од битолскиот крај. Тоа се гледа и по сочуваните старински родови. Најпрво, ова село се викало "Оризаре". Покасно, за да се разликува од новото село Долно Оризари, го добило името "Горно". Името на селото дошло по одгледувањето на ориз. Оризот до средината на 19. век се одгледувал на потезите Мерите и Чаир.
Во XIX век, Горно Оризари се наоѓало во Битолската каза, на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Горно Оризари имало 236 жители, сите Македонци-христијани. По ослободувањето од Турците во 1912 година, во Горно Оризари беа забележани неколку чифлици. Сопственици биле: Рифат (имал најмногу земја), Азис, Неџип-ефенди, Шаќир-ефенди, Мемет Бањарот, Анка и други. Сите живееле во Битола, освен малобројните родови Галевци и Реџовци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Оризари имало 216 жители, сите Македонци.
Во 1912, селото имало 40 македонски куќи. Потоа мештаните ги купувале поседите од читлук сабијата. Некои го добивале земјиштето со аграрна реформа. Во атарот на Горно Оризари, земјиште купувале и жителите на соседните села Карамани, Раштани (Битолско), како и градот Битола. Од некогашниот просторен атар, жителите на Горно Оризари имаат само една четвртина, поради тоа што на атарот се наоѓа и битолскиот монопол.
Стопанство
Со оглед на фактот дека станува збор за малку урбанизирана средина, не може да стане збор за некаква развиена економија. Во населбата има само мали претпријатија и тоа главно од трговски карактер, што е и главна причина за неговата неразвиеност.
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Оризари живееле 236 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Оризари имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Горно Оризари било село и во 1961 година имало 531 жител, додека во 1994 година живееле 1.992 жители, македонско население.
Поради близината со градот, Горно Оризари по 1970-тите години станало имиграциско место каде што денес живее бројно население со потекло од битолските пелагониски, Железник (Демир Хисар) и Мариово.
Во 1990-тите во Горно Оризари добиле куќи и имоти и жителите на раселеното село Биљаник поради ширењето на рудникот Судовол, а исто така, во атарот на Горно Оризари се наоѓа и новоизградената Стрежевска Населба, каде што живеат доселеници од потопеното село Стрежево поради изградбата на хидросистемот Стрежевско Езеро.
Според последниот попис од 2002 година, населбата Горно Оризари брои 2.454 жители, од кои 2.431 Македонец, 13 Роми, 1 Влав, 3 Срби и 6 останати.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, населбата има 2.454 жители и претставува најстарата населба во општината и воопшто во Битолско.
Следува табела на националната структура на населението:[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 431 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 13 |
Власи | 1 |
Срби | 3 |
Бошњаци | 0 |
останати | 6 |
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 236[2] | 216[3] | 414 | 449 | 531 | 990 | 2.066 | 2.090 | 1.992 | 2.454 |
Родови
Горно Оризари било македонско православно село, едно од поголемите во Битолско, кое веќе претставува населба. Родовите се староседелски и доселенички.
Родови во Горно Оризари се:
Староседелци: Аршинковци (5 куќи), Поповци (5 куќи) и Ѓелевци (3 куќи).
Не се знае дали се староседелци или доселеници со непозната старина: Грујовци (13 куќи).
Доселеници: Галевци (5 куќи) доселени се од Радобор; Дрнковци (5 куќи) доселени се од Лознани; Стрезовци (5 куќи) доселени се од Новоселани; Биљаровци (2 куќи) и Кумитовци (2 куќи) доселени се од Коњари, Прилепско; Секоја (3 куќи) доселени се од Подино, таму биле староседелци; Прпачо (1 куќа) доселени се од Ношпал; Гроздан (1 куќа) доселени се од Горно Агларци; Тасе (1 куќа) и Комарец (1 куќа) доселени се од Раштани; Консуло (1 куќа) доселени се од Лопатица; Рек (1 куќа) доселени се од Крклино; Егејци (1 куќа) доселени се од Неокази, Леринско; Реџовци (9 куќи), Брбушковци (4 куќи), Дисковци (3 куќи) и Биљовци (1 куќа) доселени се однекаде, Блажевци (2 куќи) доселени од Беранци. Реџовци и Дисковци потекнуваат од ист предок.[6]
Општествени установи
Во Горно Оризари постои ПОУ "Тодор Ангелевски" кое работи во склоп на ЦОУ "Тодор Ангелевски".
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постојат изборните места бр. 39, 39/1, 40 и 40/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 2.364 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Населбата Горно Оризари и селото Долно Оризари имаат панаѓур за Велигден. Тогаш во овие населени места доаѓаат гости и се приредува собир. Селските гробишта се во црквата Света Недела.
Личности
- Марјан Божиновски (1974 – † 2001), македонски бранител, еден од загинатите во масакрот кај Вејце
- Кире Костадиновски (1977 – † 2001), македонски бранител, еден од загинатите во масакрот кај Вејце
Култура и спорт
- ФК Младост, настапува во Третата македонска фудбалска лига (запад).
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ 4,0 4,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.