Древеник
Древеник | |
Координати 41°12′2″N 21°17′51″E / 41.20056° СГШ; 21.29750° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02048 |
Надм. вис. | 942 м |
Древеник на општинската карта Атарот на Древеник во рамките на општината | |
Древеник на Ризницата |
Древеник — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на планината Древеник.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Древеник живееле 415 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Древеник се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 66 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[4]
Во 2002 година во селото живеееле 26 жители, сите Албанци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 415 | — | 466 | 440 | 117 | 147 | 116 | 61 | 47 | 26 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1955 година, родови во селото
Древеник е албанско муслиманско село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Древеник се: Беколар (8 куќи), Дединовци (5 куќи), Далиповци (8 куќи), Дучелар (3 куќи), Нурелар (5 куќи), Мучелар (2 куќи), Дауталар (2 куќи), Јаупалар (4 куќи), Небиалар (3 куќи), Металар (3 куќи), Мисирли (1 куќа), Имерлар (1 куќа) и Османлар (1 куќа), повеќето родови во селото се доселени на почетокот од XIX век, од разни места во Северна Албанија. Во родот Беколар се знае следното родословие: Сулејман (жив на 55 г. во 1951 година) Фаик-Шериф-Весел-Беко, кој се доселил. Во родот Дединовци се знае следното родословие: Изет (жив на 77 г. во 1951 година) Исмаил-Дедин-Ибраим, кој се доселил во селото. Во родот Далиповци се знае следното родословие: Рамо (жив на 49 г. во 1951 година) Бајрам-Зибер-Далип-Алим, кој се доселил во селото; Суљовци (1 куќа) доселени се од селото Пресил, каде имаат истоимени роднини.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 201 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Лопатица.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 250 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[14]
- Кале — населба од доцноантичко време;
- Чагорско Кале — населба од доцноантичко време;
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1912 година година албанците од селото воглавно се иселувале во Битола. До 1955 година се иселиле 40 семејства, и тоа во Битола, Турција (Истанбул), Доленци, Трновци, Мургаш.[11]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069