Орехово
Орехово | |
Координати 40°58′59″N 21°19′0″E / 40.98306° СГШ; 21.31667° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 9 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02027 |
Надм. вис. | 1007 м |
Орехово на општинската карта Атарот на Орехово во рамките на општината | |
Орехово на Ризницата |
Орехово или Горно Орехово — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орехово имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореово се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[5] Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската каза со 31 куќа.[6] Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, селото Орехово брои 23 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 240 | 316 | 310 | 279 | 261 | 286 | 55 | 39 | 23 | 9 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Орехово е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Србиновци (12 куќи), Бубало (3 куќи) и Туфте (1 куќа), Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково;
- Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 куќи), Димковци (3 куќи), Анаќијевци (5 куќи), Ѓулевци (4 куќи), Јаневци (6 куќи), Мажевци (5 куќи), Ѓирковци (4 куќи), Пановци (4 куќи), Јанкуловци (4 куќи), Трпевци (2 куќи) и Чедевци (1 куќа), родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, и родовите Анаќијевци и Ѓулевци потекнувале од ист предок.[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[16]
- Црква „Св. Петка“ — главната селска црква изградена во 1861 година;
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — населба од доцноантичко време;[17]
- Маркова Стапалка — наоѓалиште од непознат тип и период;[18]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Теодора Стефанова — гркоманска андартка, четничка на Георгиос Диконимос;
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Постари иселеници од селото до 1951 година имало во Северна Америка и во Австралија.[13]
Иселеништвото продолжило и потоа и иселеници има во Битола, прекуокеанските земји и во европските земји.[20]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 237
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
- ↑ The American School of Classical Studies (ASCSA)
- ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 2021-07-17.