Долно Егри
Долно Егри | |
Воздушен поглед на селото Долно Егри | |
Координати 40°58′0″N 21°30′0″E / 40.96667° СГШ; 21.50000° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7224 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02050 |
Надм. вис. | 572 м |
Слава | Петковден |
Долно Егри на општинската карта Атарот на Долно Егри во рамките на општината | |
Долно Егри на Ризницата |
Долно Егри — раселено село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Денес, од некогашното село се останати само остатоци од објекти, но зачувани се двете селски цркви.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Пелагонија, во јужниот дел на Битолското Поле и на територијата на Општина Битола.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 572 метри.[2]
До селото води земјен пат, кој се двои локалниот пат кај Средно Егри (кој започнува од регионалниот пат 2333) и го следи течението на Петтиот Канал, пред истиот да се влие во Црна Река.
Долно Егри било мало село сместено на границата на полето на запад и Рибарското Блато на исток. Најблизу до него е селото Средно Егри.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Лака, Раор, Острика, Ридо, Бозово, Поток, Бело Поле, Ливади, Мера, Азмак и Слатина.[3]
Селото има збиен тип. Родовските куќи се поблиску една до друга и се групирани, а помали делови од селото се наречени по родовите.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Најпрвин постоело само селото Горно Егри, кое денес е целосно напуштено и е селиште, а нешто подоцна се основани селата Средно и Долно Егри. Тие ги добиле своите имиња по местоположбата во однос на Горно Егри. Во еден историски извор од првата половина на XVII век се споменува само селото Егри (без ниедна ознака). Подоцна, во периодот 1650-1750 се споменува Егри Паша.[3]
Низ текот на историјата, мештаните, а особено децата, многу умирале до околу 1920 година. И само неколку куќи имале неколку деца.[3]
Во 1903 година, по завршувањето на Илинденското востание, во селото влегла чета од аскер која пристигнале со воз од Лерин по наредба на солунскиот командат да го уништат селото Жабени. Сепак, бидејќи четата видела светлина од домовите во Долно Егри, а воедно било поблиску и до железничката линија, четата влегла во селото и сите кои можеле да ги соберат ги убиле. Подоцна, селото го опљачкале и пак се вратиле во Солун. Само неколкумина мештани останале живи, криејќи се во бунарите, трлата и во реката.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото е речиси заеднички со оној на селата Горно и Средно Егри.[2]
На почетокот на XX век, Долно Егри било чифликсајбиско село. Тогаш имало шест сопственици на чифлигот: Аљуш-ага, Афуз-ага, Шериф-ага, Неџип-ага, Мустафа-ефенди и Усеин-ефенди, сите од Битола, освен Неџип-ага, кој бил Арбанас од Породин. Во 1912 година, во ова село само седум домаќинства имале своја земја.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Егри живееле 240 жители, сите Македонци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Долно Егри се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 27 куќи.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Егри имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]
Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело 86 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 селото немало жители.[9]
Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 176 | 170 | 213 | 230 | 124 | 86 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Долно Егри било македонско православно село.[3]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
- Староседелски родови: Џолевци (2 ку.), Трпчевци (1 к.) и Србиновци (1 к.), најстари родови во селото, возможно е да се староседелци.
- Доселенички родови: Јудовци (2 к.), Димовци (1 к.) и Трифун (1 к.), не знаат од каде се доселени; Рендевци (1 к.), доселени се од некое околно битолско село; Каракушовци (1 к.), доселени се од Горно Егри околу 1890 година; Семковци (3 к.), доселени се од Велесело, а некое време живееле и во Букри; Кечоманци (1 к.), доселени се однекаде; Беџовци (1 к.), исто потекло како и Семковци; Велковци (2 к.), доселени се од Букри; Тодоровци (1 к.), доселени се од Смилево, најпрвин живееле во Букри; Павловци (1 к.), доселени се од Букри; Петревци (2 к.), доселени се од Новаци после 1918 година; Јошевци (2 к.), доселени се од Марул после 1918 година; Тасевци (1 к.) доселени се од некое село во албанскиот дел од Преспа после 1918 година; Сидоровци (1 к.), доселени се од селото Опеница во 1941 година и Симјановци (1 к.), доселени се од селото Душегубица, Кичевско.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од Долно Егри се знае за следниве иселеници: Цветковци (1 к.), живеат во Средно Егри, Митревци (1 к.), живеат во Гнеотино, Котевци (1 к.) и Бошко (1 к.), живеат во Оптичари. Од родот Беџовци се иселиле четири семејства (1 во Оптичари, 1 во Каленик кај Лерин и за 2 не се знае каде отишле).[3]
Во периодот од 1961 до 1971 година, бројот на домаќинства се намалил од 42 на 19.[3] Интензивното раселување продолжило и по 1981 година, селото е наполно раселено. Населението емигрирало во Битола, странство и околните села.[4]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Долно Егри било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Бистрица.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Бистрица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кременица, во која покрај селото Долно Егри се наоѓале селата Горно Егри, Кременица, Меџетлија и Средно Егри. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Кременица, во која влегувале селата Букри, Горно Егри, Долно Егри, Кременица, Меџитлија и Средно Егри.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0141 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Средно Егри.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 239 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Св. Петка — населба од неолитско време; и
- Св. Богородица — населба од неолитско време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква, целосно опожарена во август 2013 година.[19]
- Црква „Св. Богородица“ — селска црква, се наоѓа северозападно од селото на речен остров. Изградена е после Првата светска војна. Во минатото месноста се викала Црквиште и околу црквата има стари гробови.
-
Селската црква „Св. Богородица“
-
Главната селска црква „Св. Петка“
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[3]
- Петковден — селска слава
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 105. Посетено на 18 август 2024.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 188-190. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ 4,0 4,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2024-08-18. Посетено на 2024-08-18.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 август 2024.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 17 август 2024.
- ↑ Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Изгорена црква во битолско“. Архивирано од изворникот на 2013-08-24. Посетено на 2013-08-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Долно Егри на Ризницата ?