Прејди на содржината

Раштани (Битолско)

Координати: 41°03′11″N 21°19′27″E / 41.05306° СГШ; 21.32417° ИГД / 41.05306; 21.32417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Раштани
Раштани во рамките на Македонија
Раштани
Местоположба на Раштани во Македонија
Раштани на карта

Карта

Координати 41°03′11″N 21°19′27″E / 41.05306° СГШ; 21.32417° ИГД / 41.05306; 21.32417
Општина Битола
Население 550 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02101
Надм. вис. 780 м
Раштани на општинската карта

Атарот на Раштани во рамките на општината
Раштани на Ризницата

Раштани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. Поради близината до својот град, се смета и за негово предградие.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Раштани — село во составот на Општина Битола, односно во средишниот дел на областа Пелагонија, на 4 километри оддалеченост од градот. Поради својата близина со Битола селото припаѓа во нејзината рурбална зона. Раштани е ридско село, расположено на надморска височина од 780 метри и се наоѓа на левата страна на ограничниот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно). Атарот зафаќа површина од 5 км2.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Раштани беше село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Раштани има изразито полјоделско - сточарска функција. Обработливото земјиште зафаќа 142 ха од селскиот атар, а на пасиштата отпаѓаат 314 хектари. Од полјоделските култури застапени се житото (пченицата и јачменот), шеќерната репка (сè повеќе се намалува застапеноста во последниве години) и индустриски култури, а од сточарството се одгледува крупна стока.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948183—    
1953204+11.5%
1961187−8.3%
1971173−7.5%
1981167−3.5%
ГодинаНас.±%
1991323+93.4%
1994264−18.3%
2002396+50.0%
2021550+38.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раштани живееле 90 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раштани имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раштани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 7 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Селото броело 187 жители во 1961 година, додека во 1994 година се зголемува населението на 264 жители.

Според пописот на населението од 2002 година, селото Раштани брои 396 жители, од кои 391 Македонец, 3 Власи и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 550 жители, од кои 530 Македонци, 4 Албанци, 2 Власи, 2 Срби и 12 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 120 183 204 187 173 167 323 264 396 550
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Раштани е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Павлевци (13 куќи) и Стамболџиовци (11 куќи), потекнуваат од браќата Павле и Костадин, Костадин одел на гурбет во Стамбол и по тоа го добиле името. Во родот Павлевци се знае следното родословие: Ѓорги (жив во 50-тите на 70 години) Коле-Божин-Атанас-Павле, основачот на родот;
  • Доселеници: Комарчевци (2 куќи) потекнуваат од предок кој се доселил од Дебарско.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта[16]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни,кој го посетуват голем број на граѓани од цела Битола.

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]