Свиниште
Свиниште | |
Стрежевско Езеро изградено во атарот на селото Свиниште, поради кое селото повеќе не постои | |
Координати 41°8′20″N 21°9′29″E / 41.13889° СГШ; 21.15806° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02105 |
Надм. вис. | 720 м |
Свиниште на општинската карта Атарот на Свиниште во рамките на општината | |
Свиниште на Ризницата |
Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[2]
Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]За првпат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.[2]
Во XIX век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свињишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 96 | 235 | 235 | 218 | 164 | 139 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Свиниште е македонско православно село.
Родови во Свиниште се:
- Доселеници: Петревци (18 к.), Ѓорчевци (3 к.), Кочовци (2 к.) и Ѓолевци (2 к.). Првите два рода потекнуваат од ист предок, овие четири рода се стари доселеници со непозната старина; Цветковци (2 к.), доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско село; Наумчевци (5 к.), дојдени се во турско време исто така од селото Обедник; Котевци (3 к.), доселени се во турско време од селото Стрежево каде биле староседелци; Танчевци (3 к.), доселени се после 1918 година од селото Боиште во Железник.[12]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 77 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Постари иселеници до 1951 година од селото има во Битола (5 семејства), Канада (2 семејства), Австралија (2 семејства), Романија (1 семејство) и во Аргентина (1 семејство).[17]
Потоа иселеништвото продолжило и од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Свиниште“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2017-12-08. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)