Прејди на содржината

Доленци (Битолско)

Координати: 41°5′2″N 21°9′18″E / 41.08389° СГШ; 21.15500° ИГД / 41.08389; 21.15500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Доленци

Поглед на џамијата во селото

Доленци во рамките на Македонија
Доленци
Местоположба на Доленци во Македонија
Доленци на карта

Карта

Координати 41°5′2″N 21°9′18″E / 41.08389° СГШ; 21.15500° ИГД / 41.08389; 21.15500
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Област Ѓават-Кол
Население 236 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7314
Повик. бр. 045
Шифра на КО 02042
Надм. вис. 790 м
Доленци на општинската карта

Атарот на Доленци во рамките на општината
Доленци на Ризницата

Доленци — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

По раскажувањето на народот, се претпоставува дека селото го добило името по својата местоположба. Бидејќи се наоѓа во дол, односно подолу од другите села зборовите „дол“ и „долу“ преку различни трансформации во употребата се дошло до зборот „Доленци“ и оттогаш го добива името.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Селото погледнато од далечина

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, во насока на превојот Ѓавато.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 790 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 20 километри и се наоѓа непосредно до патот Битола-Ресен.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 421 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 218,2 хектари, а на пасиштата 82,1 хектар.[2]

Ова село се наоѓа под село Кажани во непосредна близина на реката Шемница. По својата географска положба е сместено во дол и за разлика од сите други населби во Цапарско Поле што се наоѓаат на блиските ридови и планини, селото Доленци се наоѓа во полето.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Доленци било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948428—    
1953433+1.2%
1961434+0.2%
1971482+11.1%
1981466−3.3%
ГодинаНас.±%
1991397−14.8%
1994281−29.2%
2002265−5.7%
2021236−10.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Доленци имало 550 жители, од кои 200 Македонци христијани и 350 Албанци муслимани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доленци имало 580 жители, од кои 420 Албанци и 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци и 150 Македонци.[6]

Доленци е средно по големина село, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година, селото броело 434 жители, а во 1994 година 281 жител, од кои 226 биле Албанци и 54 жители Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Доленци имало 265 жители, од кои 51 Македонец, 212 Албанци, 1 Бошњак и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 236 жители, од кои 30 Македонци, 200 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 4 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Доленци:

Година Македонци Албанци Турци Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 428
1953 200 102 130 1 433
1961 235 198 0 1 434
1971 239 67 26 150 482
1981 184 183 1 98 466
1991 125 257 0 15 397
1994 54 226 0 1 281
2002 51 212 0 1 1 265
2021 30 200 1 0 1 4 236

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Доленци е македонско-албанско село, албанските родови во селото се доселенички. Македонците се еден дел староседелци од старото село на Доленци, а другиот дел доселени.[9]

Албански родови се:

  • Доселеници: Јаовци (6 к.), Алиловци (6 к.), Абдиловци (3 к.), Мединовци (5 к.), Незировци (2 к.), Исмаиловци (2 к.), Мусовци (2 к.), Ѓаковци (2 к.), Ферзуловци (1 к.), Реџеповци (1 к.), Исмаиловци (1 к.) и Селимовци (1 к.), доселени се во турско време од Јужна Албанија, во родот Реџеповци се знае следното родословие: Даљан (жив на 61 г. во 1951 година) Демир-Реџеп-Демир кој се доселил, порано биле еден род со Алиловци; Назифовци (1 к,), доселени се од селото Сопотско во Преспа; Зекмановци (1 к.), доселени се од раселеното село Буково во Преспа, кое се наоѓало на патот Ресен-Охрид.

Македонски родови се:

  • Староседелци: Цветини (8 к.), Кузевци (7 к.), Митревци (4 к.), Шљамовци (3 к.) и Наневци (1 к.), живееле во Старо Село;
  • Доселеници: Ќипревци (4 к.), Грујовци (2 к.), Рајини (2 к.), Колевци (1 к.) и Пиљовци (1 к.), доселени се од соседното село Ѓавато; Јоановци (1 к.), доселени се од селото Ротино; Андоновци (1 к.), доселени се од Ѓавато во 1920 година; Белевци (1 к.), исто така доселени од Ѓавато; Гроздановци (1 к.), доселени се од селото Свиништа во Охридско; Бојиштани (2 к.), доселени се од селото Боиште во Железник.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кажани, во која влегувале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Лера.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Доленци се наоѓале селата Гопеш, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0207 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 227 гласачи.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Кале — населба од доцноантичко време;
  • Суви Ливади — базилика од старохристијанско време; и
  • Старо Село — црква и некропола од средниот век.
Цркви[15]
Џамии

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во Аргентина (2 семејства), САД (3 семејства), Велес (1 семејство), Скопје (1 семејство), Австралија (4 семејства) и во Битола (1 семејство).[17]

Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, Скопје, Ресен, Турција (муслиманите), прекуокеанските земји и низ Европа.[18]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 101. Посетено на 21 ноември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 ноември 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  10. „ПУ Доленци“. македонски: ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. Посетено на 21 ноември 2017.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 ноември 2017.
  12. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 21 ноември 2017.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. 16,0 16,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  18. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]