Нов Караорман
Нов Караорман | |
Улица во селото | |
Координати 41°47′28″N 22°12′55″E / 41.79111° СГШ; 22.21528° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Население | 64 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30023 |
Надм. вис. | 285 м |
Нов Караорман на општинската карта Атарот на Нов Караорман во рамките на општината | |
Нов Караорман на Ризницата |
Нов Караорман — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на селото доаѓа „нов“ што е спротивно од стар и го има добиено откако се има одвоено од соседното село Стар Караорман. Делот Караорман доаѓа од турскиот збор „кара“ со значење црн и турскиот збор „орман“ со значење шума.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова мало село се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на реката Брегалница.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 285 метри.[3]
Селото се наоѓа северно од градот Штип, а најблиско село е големото село Стар Караорман, кое се наоѓа на подрачјето на Општина Штип.
Историја
[уреди | уреди извор]Нов Караорман службено не постоело како село и посебна единица до 1953 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 474 хектари, на пасиштата отпаѓаат 333 хектари, а на шумите само 6 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Во непосредна близина на самите куќи се наоѓа земјоделската задруга, како и други стопански објекти.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во селото до 1961 година имало голем број на Власи, кои целосно се иселиле.
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 198 жители, а во 1994 година 72 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Нов Караорман живееле 67 жители, од кои 64 Македонци, 2 Роми и 1 Србин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 64 жители, од кои 41 Македонец и 23 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | —[6] | 249 | 198 | 77 | 104 | 79 | 72 | 67 | 64 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Карбинци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2321 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на претпријатието „Лозарство“.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[12]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[13]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Игралиште
-
Земјоделската задруга
-
Стопанските објекти
-
Куќи во селото
-
Поглед на Нов Караорман
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 116.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 148. Посетено на 4 февруари 2021.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 февруари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Податоците од населеното место Нов Караорман, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Стар Караорман.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 февруари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 11 февруари 2021.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Нов Караорман на Ризницата ?
|