Прејди на содржината

Вртешка

Координати: 41°45′32″N 22°25′05″E / 41.75889° СГШ; 22.41806° ИГД / 41.75889; 22.41806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вртешка

Поглед кон селото

Вртешка во рамките на Македонија
Вртешка
Местоположба на Вртешка во Македонија
Вртешка на карта

Карта

Координати 41°45′32″N 22°25′05″E / 41.75889° СГШ; 22.41806° ИГД / 41.75889; 22.41806
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Шоплук
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30006
Надм. вис. 1.060 м
Вртешка на општинската карта

Атарот на Вртешка во рамките на општината
Вртешка на Ризницата

Вртешка — мало село во областа Радовишки Шоплук, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓа во областа Радовишки Шоплук, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, чиј атар се издига до сртот на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на Општина Радовиш.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Штип е оддалечено 26 километри.[2]

Селото се наоѓа во западните ограноци на Плачковица, во етнографскиот предел Радовишки Шоплук. Вртешка е едно од шесте плачковички села, кои припаѓаат на шопската етнографска целина.

Во 2020 година, селото добило асфалтиран пристапен пат до регионалниот пат Р2431 во должина од околу 1 километар.[3]

Над селото се наоѓа издвоена излетничка населба.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Вртешка било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е голем и зафаќа простор од 21,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.828,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 139,3 хектари, а на обработливото земјиште само 84 хектари.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција, но таа не е доволно развиена.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948210—    
1953250+19.0%
1961137−45.2%
1971108−21.2%
198116−85.2%
ГодинаНас.±%
199112−25.0%
19948−33.3%
20026−25.0%
20210−100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 54 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вртешка имало 80 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Селото е мало, на пат сосема да се расели. Во 1961 година селото броело 137 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 8 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Вртешка живееле 6 жители, сите Македонци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 54 80 210 250 137 108 16 12 8 6 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на планинарскиот дом и селската црква, под нив се наоѓаат зачуваните куќи од самото село

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Вртешка, се наоѓале и селата Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Прналија. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 153 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
Реки[15]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 63. Посетено на 24 јануари 2021.
  3. Андонов, Кире. „Карбинци-Пристапниот пат до Вртешка во завршна фаза | Моја Општина - Сите општини на едно место“. Посетено на 24 јануари 2021.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јануари 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 јануари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 24 јануари 2021.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 21. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]