Курфалија
Курфалија | |
Поглед кон селото од Голем Габер | |
Координати 41°45′38″N 22°19′24″E / 41.76056° СГШ; 22.32333° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Област | Јуруклак |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30029 |
Надм. вис. | 700 м |
Курфалија на општинската карта Атарот на Курфалија во рамките на општината | |
Курфалија на Ризницата |
Курфалија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на западната потпланинска зона на Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Курфалија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е мал и зафаќа простор од 3,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 73 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 48 хектари, а на пасиштата 31 хектар.[2]
Селото, во основа, нема некоја позначајна земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 40 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 46 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[5]
Курфалија е мало село, коешто во 1961 година броело само 34 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 58 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Курфалија живееле 43 жители, сите Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 5 Турци и 7 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 40 | — | 84 | 100 | 34 | 38 | 49 | 58 | 58 | 43 | 12 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Курфалија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2330 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Оџалија. Во избирачкото место се опфатени селата Курфалија и Оџалија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 121 гласач.[14]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Селските гробишта
-
Бачило во селото
-
Селските гробишта
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 170. Посетено на 7 февруари 2021.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 231.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 јануари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 25 јануари 2021.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|