Прејди на содржината

Таринци

Координати: 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° СГШ; 22.23028° ИГД / 41.79889; 22.23028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Таринци

Поглед на селото

Таринци во рамките на Македонија
Таринци
Местоположба на Таринци во Македонија
Таринци на карта

Карта

Координати 41°47′56″N 22°13′49″E / 41.79889° СГШ; 22.23028° ИГД / 41.79889; 22.23028
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 742 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30059
Надм. вис. 310 м
Таринци на општинската карта

Атарот на Таринци во рамките на општината
Таринци на Ризницата

Таринци — најголемо село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од Тараинци што доаѓа од личното име Тарах или Тараха преку грчкиот збор „тарахас“ со значење оној што се кара, што предизвикува караница или од грчкиот збор „тарахос“ со значење оној што се плаши, плашливец. Втора можност е да доаѓа од топонимот Тара(х)ин што исто се поврзува со грчко потекло со значење шум, бркотија. Трета можност е да доаѓа од личното име Тараха при што коренот Тар- и суфиксот -аха се сретнуваат низ словенските јазици. На крај, се споменува можност името да доаѓа од личното име Таридин, кој бил кмет на Брегалничката област во IX век.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на реката Брегалница.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип е оддалечено 11 километри.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Археолошките истражувања потврдуваат дека селото Таринци се одликува со долга историја. Така, во наоѓалиштето Вршник, во атарот на селото Таринци е откриена населба од неолитот, додека во наоѓалиштето Кнежевска Могила се пронајдени археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.).[4]

Во XIX век, Таринци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 11,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 739 хектари, на пасиштата отпаѓаат 291 хектар, а на шумите само 31 хектар.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и фабрички погон.[3]

Во селото работи свињарската фарма Макмесо.[5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948408—    
1953492+20.6%
1961605+23.0%
1971755+24.8%
1981882+16.8%
ГодинаНас.±%
1991908+2.9%
1994909+0.1%
2002905−0.4%
2021742−18.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 85 жители, сите Македонци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Таринци во 1961 година имало 605 жители, од кои 595 биле Македонци, а 10 жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил дури на 909 жители, само македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Таринци живееле 905 жители, од кои 902 Македонци и 3 Срби.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 742 жители, од кои 701 Македонец, 7 Роми, 6 Срби и 28 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 408 492 605 755 882 908 909 905 742
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Таринци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2320 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 705 гласачи.[16]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 712 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во селото работат фудбалскиот клуб „Таринци-Макмесо“.[20]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 127.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 294. Посетено на 17 февруари 2021.
  4. ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
  5. „МАК МЕСО АД - с. Таринци - Карбинци - ABV.mk“. www.abv.mk. Посетено на 2021-02-17.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 февруари 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Komspi, Komspi. „ЈОУДГ „Кокичиња"-с.Таринци, Карбинци“. Komspi. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 2021-02-17.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 17 февруари 2021.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 февруари 2021.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 17 февруари 2021.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]