Прејди на содржината

Мал Габер

Координати: 41°44′51″N 22°18′56″E / 41.74750° СГШ; 22.31556° ИГД / 41.74750; 22.31556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал Габер

Поглед кон остатоците од селото

Мал Габер во рамките на Македонија
Мал Габер
Местоположба на Мал Габер во Македонија
Мал Габер на карта

Карта

Координати 41°44′51″N 22°18′56″E / 41.74750° СГШ; 22.31556° ИГД / 41.74750; 22.31556
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Област Јуруклак
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30036
Надм. вис. 550 м
Мал Габер на општинската карта

Атарот на Мал Габер во рамките на општината
Мал Габер на Ризницата

Мал Габер — раселено село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова мало село се наоѓало во областа Јуруклак, во југозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на југозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото било ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Штип е оддалечено 13,5 километри.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Мал Габер било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 4,6 км2.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194870—    
195370+0.0%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 165 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 60 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[5]

Селото е наполно раселено во периодот по 1953 година, кога што броело 70 жители, турско население.[2] Селото немало жители и на пописот во 2002 година,[6] како ниту на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 165 70 70 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште во кое настава следеле деца од неколку околни села

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Мал Габер, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2326 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Радање. Во избирачкото место се опфатени селата Кучилат, Мал Габер, Мичак, Муратлија и Радање.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 374 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 378 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Реки
Кањони
  • Камник — мал кањон на Кошевска Река

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 187. Посетено на 10 февруари 2021.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2021.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 февруари 2021.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 февруари 2021.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]