Козјак (Штипско)
Козјак | |
Поглед на селото | |
Координати 41°48′30″N 22°16′26″E / 41.80833° СГШ; 22.27389° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Население | 106 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30025 |
Надм. вис. | 340 м |
Козјак на општинската карта Атарот на Козјак во рамките на општината | |
Козјак на Ризницата |
Козјак — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова мало село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]
Селото Козјак се наоѓа на северните падини на планината Плачковица, под возвишението наречено Високи Рид, крај кое тече Козјачка Река.
Селото историски се дели на две посебни маала: Горни и Долни Козјак.
Историја
[уреди | уреди извор]Местото е населено уште од далечното минето. Кај некогашното маало Горни Козјак се наоѓаат рушевините на древниот град Баргала, како и зачуваната средновековна црква „Св. Ѓорѓи“.[3][4]
Во XIX век, Козјак било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 186 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 90 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долни Козјак имало 106 жители, од кои 36 Македонци и 70 Турци, додека во селото Горни Козјак имало 40 жители, сите Турци.[5]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото Долни Козјак живееле 60 жители, од кои 34 Турци и 26 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во Долни Козјак имало 25 до 50Македонци, додека пак во Горни Козјак имало 25 до 50 Турци.[7]
Селото е мало по големина, коешто во 1961 година броело 221 жител, а во 1994 година имало 164 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Козјак живееле 147 жители, од кои 145 Македонци и 2 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 106 жители, од кои 94 Македонци, 2 останати и 10 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 146 | ― | 147 | 183 | 221 | 226 | 201 | 179 | 164 | 147 | 106 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Козјак, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2319 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 119 гласачи.[15]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Горни Козјак
- Бандера — каструм од римското време
- Црква Св. Ѓорѓи — средновековна црква со некропола
- Долни Козјак
- Баргала (Кале — градиште) — утврдена населба од доцноантичкото време и епископски центар
- Кадин Рид — осамен објект од римското време
- Лскач — вила рустика од доцноантичкото време
- Нива на Стојко Тодоров — објект од римското време
- Турски Гробишта — објект од римското време
- Цркви[18]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
- Реки[19]
- Козјачка Река — поминува низ селото, притока на Брегалница
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Спортско игралиште во селото
-
Куќа во селото
-
Стара продавница
-
Куќи во селото
-
Лулашки и селска чешма
-
Улица во селото
-
Срушена куќа во селото
-
Селска чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 153. Посетено на 6 февруари 2021.
- ↑ „Карбинска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-30. Посетено на 29 март 2014.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 77.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 февруари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 февруари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 6 февруари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 430-432, 434-435. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|