Прејди на содржината

Долно Трогерци

Координати: 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Трогерци

Влезот во селото

Долно Трогерци во рамките на Македонија
Долно Трогерци
Местоположба на Долно Трогерци во Македонија
Долно Трогерци на карта

Карта

Координати 41°48′20″N 22°12′11″E / 41.80556° СГШ; 22.20306° ИГД / 41.80556; 22.20306
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30013
Надм. вис. 400 м
Слава Спасовден
Долно Трогерци на општинската карта

Атарот на Долно Трогерци во рамките на општината
Долно Трогерци на Ризницата

Долно Трогерци — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на патот Штип-Кочани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото е сместено на крајните југозападни падини на Осоговските Планини, додека на југ се протега широката долина на реката Брегалница.

До селото водат асфалтни патишта од Долни Балван, како и од штипското село Врсаково.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Долно Трогерци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 533,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 123,3 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948332—    
1953277−16.6%
1961232−16.2%
197189−61.6%
198123−74.2%
ГодинаНас.±%
199111−52.2%
19946−45.5%
20024−33.3%
20212−50.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 186 жители, сите Македонци.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 232 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Трогерци живееле 4 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 186 184 332 277 232 89 23 11 6 4 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Сретселото со селската чешма и спомениците

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Долно Трогерци, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото било дел од некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долни Балван. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Манастири
Споменици

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Долно Трогерци

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 109. Посетено на 30 јануари 2021.
  3. „Костадиновски во посета на карбинското село Долно Трогерци“. IDIVIDI. Посетено на 2021-01-31.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 јануари 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 31 јануари 2021.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 23 јануари 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. „Храмова слава во с. Горубинци – Свети Николе и с. Долно Трогерци - Штип“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-02-05. Посетено на 2021-01-31.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]