Прејди на содржината

Безово

Координати: 41°19′45″N 20°36′6″E / 41.32917° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.32917; 20.60167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Безово

Поглед на селото Безово

Безово во рамките на Македонија
Безово
Местоположба на Безово во Македонија
Безово на карта

Карта

Координати 41°19′45″N 20°36′6″E / 41.32917° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.32917; 20.60167
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26002
Надм. вис. 760-860 м
Слава Митровден
Безово на општинската карта

Атарот на Безово во рамките на општината
Безово на Ризницата

Безово — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Безово“ во 1467 година. Името потекнува од личното име „Безе“ или „Безо“.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 760 до 860 метри. Се наоѓа три километри на левата страна на регионалниот пат Струга-Дебар, а од самиот град Струга е оддалечено 23 километри.[3]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, на источните падини под врвот Радук на планината Јабланица. Оддалечено е 33 километри јужно од Дебар.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Безово било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 124,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 64,3 хектари, а на обработливото земјиште само 38,9 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита функција.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948165—    
1953185+12.1%
1961179−3.2%
1971199+11.2%
1981142−28.6%
ГодинаНас.±%
199180−43.7%
199467−16.2%
200254−19.4%
202122−59.3%

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 118 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Безово имало 180 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Безово имало 192 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало, со негативно популациско салдо. Во 1961 година селото броело 179 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Безово живееле 54 жители, од кои 53 Македонци и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 18 Македонци и 4 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 192 165 185 179 199 142 80 67 54 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Безово е македонско село.

Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:

  • Староседелци: Васковци (5 к.), Митановци (1 к.) и Митровци (1 к.)
  • Доселеници: Зетараковци или Затарковци (1 к.) се сметаат за староседелци, но во селото е општо предание дека се доселени од страна, и дека потекнуваат од домазет доселен од Стеблево или Модрич, старото име им е Цацановци; Вељановци (4 к.) по потекло се од селото Присовјани во Струшка Малесија, најпрво се населиле во Нерези, па во Безово; Битолковци (3 к.) доселени се од Битола, а таму се доселени од некое место во Бугарија; Цветановци (5 к.) и Лазаревци (1 к.) доселени се од селото Јабланица; Павлевци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде.[14]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Безово, се наоѓале и селата Јабланица, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Безово било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Безово, Луково, Нерези и Пискупштина.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 1889 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Безово

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 42.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 23. Посетено на 5 септември 2018.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 септември 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Филиповиќ, Миленко (1939). Дебарски Дримкол.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 5 септември 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 5 септември 2018.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]