Прејди на содржината

Ново Село (Струшко)

Координати: 41°14′17″N 20°41′49″E / 41.23806° СГШ; 20.69694° ИГД / 41.23806; 20.69694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°14′17″N 20°41′49″E / 41.23806° СГШ; 20.69694° ИГД / 41.23806; 20.69694
Општина Струга
Население 228 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26037
Надм. вис. 702 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Ново Село — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194880—    
1953108+35.0%
1961143+32.4%
1971144+0.7%
1981194+34.7%
ГодинаНас.±%
199133−83.0%
1994213+545.5%
2002280+31.5%
2021228−18.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 34 жители, сите Албанци.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ново Село е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 280 жители, од кои 235 Албанци и 45 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 228 жители, од кои 162 Албанци, 53 останати и 13 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 34 80 108 143 144 194 33 213 280 228
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Ново село е албанско село, а имало и македонски и ромски родови.

  • Албански родови во селото се: Лога (8 к.), Изери (3 к.), Фејзула (2 к.), Фејза (2 к.) и Шакири (1 к.). Лога се доселени од селото Поум. Изери и Фејзула се доселени од дебарско (Мал или Голем Папрадник) и Шакири се доселени од селото Песочани, Дебрца. Наведените родови се доселени околу 1925 година; Иљази (4 к.), Читаху (2 к.), Туши (5 к.), Беќири (1 к.), Дема (1 к.) и Мена (1 к.). Родот Иљази е доселен од селото Поум. Читаху е доселен од селото Делогожди. Туши е доселен од селото Дабовјани. Беќири е доселен од селото Доно Татеши. Дема е доселен од Богојци, и Мена е доселен од селото Мислодежда. Сите наведени родови се доселени после 1945 година.
  • Ромски род: Џаку (4 к.) доселени се пред 1912 година, по потекло се од Дебарско.
  • Македонски род: Затарковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Безово, Дебарски Дримкол.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]