Прејди на содржината

Мороишта

Координати: 41°12′10″N 20°42′59″E / 41.20278° СГШ; 20.71639° ИГД / 41.20278; 20.71639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мороишта
Мороишта во рамките на Македонија
Мороишта
Местоположба на Мороишта во Македонија
Мороишта на карта

Карта

Координати 41°12′10″N 20°42′59″E / 41.20278° СГШ; 20.71639° ИГД / 41.20278; 20.71639
Општина Струга
Население 881 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 26035
Надм. вис. 686 м
Мороишта на општинската карта

Атарот на Мороишта во рамките на општината
Мороишта на Ризницата

Мороишта — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Струшкото Поле, оддалечено само 3 километри северно од Струга.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото првпат се споменува во 1345 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан како Моровиштех.

Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948506—    
1953555+9.7%
1961681+22.7%
1971799+17.3%
1981838+4.9%
ГодинаНас.±%
1991964+15.0%
1994909−5.7%
2002909+0.0%
2021881−3.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мороишта живееле 250 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Мороишта имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мороишта е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 909 жители, од кои 903 Македонци, 2 Власи и 4 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 881 жител, од кои 807 Македонци, 1 Албанец, 2 Власи, 2 Срби и 69 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 224 506 555 681 799 838 964 909 909 881
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Мороишта е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, во селото има постари доселенички родови, и понови.

Постари доселенички родови се: Иљовци (30 к.) се делат на Јановци, Клечкаровци и Лазаревци. Доселени се од селото Љубаништа, го знаат следното родословие: Климе (жив на 70 г. во 1980 година) Наум-Ристе-Јон-Иљо кој се доселил; Матлиовци (30 к.), доселени се после родот Иљовци, доселени се од некое село во областа Мат во Албанија; Малевци (10 к.) доселени се од некое село во Малесија; Бунчевци (4 к.), доселени се од соседното село Мислешево; Павлевци (8 к.) доселени се од соседното село Биџево; Прежевци или Анѓелевци (6 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Горенци; Араповци или Костевци (3 к.) имаат исто потекло како и Павлевци; Карамачовци (16 к.), Даљчевци (5 к.), Маџаровци (3 к.) и Ѓоршулевци (8 к.) доселеници се со непозната старина. Родот Маџаровци е најстар во селото.

Помлади доселеници: Брчевци (8 к.), Ташморуништанци (5 к.), Нережанци (5 к.), Модричанци (4 к.), Локовчанци (2 к.) и Пискупштинци (2 к.) ги носат имињата на селата од кои се доселени, тоа се Брчево, Ташмаруништа, Нерези, Модрич, Локов и Пискупштина.[12]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Сарџиновци (1 к.)
  • Доселеници: Кротевци или Пржевци (2 к.) доселени се во 1830 година од селото Враништа. Таму имале роднини; Клечкаровци (19 к.) доселени се од селото Љубаништа кај Охрид; Маџаровци или Црвеновци (2 к.) доселени се во 1825 година од селото Црвена Вода во Дебрца; Малевци (5 к.) доселени се после родот Клечкаровци од Дебарско; Карамачовци (9 к.) и они се доселени од Дебарско; Матлијовци (13 к.) доселени се од некое место кај Матија во Албанија; Ѓоршулевци (2 к.) доселени се од селото Мислешево; Пеќиновци (2 к.) доселени се од селото Биџево; Далчевци (1 к.) доселени се од селото Драслајца; Јосифовци (1 к.) доселени се од селото Горенци кај Охрид; Павлевци (5 к.) доселени се во 1905 година од селото Биџево; Бунчевци (2 к.) доселени се од селото Мислешево; Дуковци (1 к.) доселени се од селото Луково во Дебарски Дримкол; Трпчевци (2 к.) доселени се од селото Присовјани во Малесија; Марковци (1 к.) доселени се од селото Подгорци. Потекнуваат од домазет.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Манастир Свети Спас во Мороишта - осветен во 1997 година. Се наоѓа покрај реката Сатеска и е сместен помеѓу столетни дрвја. Еден од најубавите во струшката котлина.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Секоја година во чест на празникот Вознесение Христово (Спасовден), во дворот на манастирот Свети Спас се организира вечерна забава со некој од македонските естрадни уметници.

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

  • Од Малевци иселеници има во Струга (едно семејство од 1890 година) и во Драслајца (од 1870 година, како домазет).
  • Од Матлијевци иселеници има во Струга (едно семејство од 1888 година) и во САД (едно семејство од 1910 година)
  • Од Далчевци иселеници има во Белград (едно семејство од 1920 година).[13]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 164-165.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ. стр. 236-237–238-239.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Мороишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.

== Надворешни врски ==