Богојци
Богојци | |
Координати 41°17′16″N 20°40′12″E / 41.28778° СГШ; 20.67000° ИГД | |
Општина | Струга |
Население | 74 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 26004 |
Богојци на општинската карта Атарот на Богојци во рамките на општината | |
Богојци на Ризницата |
Богојци (познато како Боговица) — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во источниот дел на Струшкото Поле, на територијата на Општина Струга, североисточно од градот, а под јужната падина на Караорман. Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Струга населбата е оддалечена 16 км.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото имало 29 жители мажи муслимани.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот не е многу голем и зафаќа простор од 4,5 км2. На него шумите заземаат површина од 280,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 95,3 ха, а на обработливото земјиште 65,1 ха. Во однос на земјоделството, населбата не е многу развиена.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богојци имало 120 жители, сите Албанци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Богоишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]
Во 1961 година селото броело 202 жители, додека во 1994 година имало 156 жители, населено со албанско население.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 170 жители, од кои 167 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин и 8 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | — | 185 | 208 | 202 | 228 | 189 | 0 | 156 | 170 | 74 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Богојци е албанско село.
Родови во селото се: Селмани (9 к.), Авдија (5 к.) и Белули (12 к.) доселени се од неко— село во областа Голо Брдо (во Албанија). Првите два рода потекнуваат од браќата Селман и Авдија, додека третиот род потекнува од нивниот роднина Белул. Предците на овие три рода се доселени околу 1850-60, поради крвна одмазда.[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 32.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јован, Трифуноски (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Богојци на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |