Прејди на содржината

Франгово

Координати: 41°8′43″N 20°37′23″E / 41.14528° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.14528; 20.62306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Франгово

Панорама на селото

Франгово во рамките на Македонија
Франгово
Местоположба на Франгово во Македонија
Франгово на карта

Карта

Координати 41°8′43″N 20°37′23″E / 41.14528° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.14528; 20.62306
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 1.206 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6333
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26048, 26548
Надм. вис. 798 м
Франгово на општинската карта

Атарот на Франгово во рамките на општината
Франгово на Ризницата

Франгово — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Франгови“ во 1345 година.[2]

Постојат повеќе објаснувања за потеклото на името:

  • Од антроп. Франго; и
  • Од посесивната форма образувана со наставката -ово од етимонот Франг/Франк што означува „западноевропеец, небалканец“ и веројатно е сврзано со Крстоносните походи.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во југозападниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 810 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 6 километри.[3]

Селото се наоѓа во Струшкото Поле, во подножјето на планината Јабланица, на четири километри источно од македонско-албанската државна граница.

Селото се наоѓа на источните падини на планината Јабланица, десно од регионалниот пат Струга-Ќафасан. Околни села се: Калишта, Радолишта и Мали Влај.[4]

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Цунга (1.078 м.), Грмаде, Маша, Гропа, Урда, Бота, Исра, Те-крала, Каменица, Лопата, Варса, Зае, Фазлица и Аргунга.[4]

Селото се состои од неговиот главен дел и издвоеното маало Фиериште, кое е оддалечено околу 2 километри од главното село.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото спаѓа меѓу старите села во Струшко. Него, кралот Стефан Душан го предал на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид.[4]

Иако, Франгово е целосно муслиманско албанско село, одредени месности во атарот на селото наведуваат дека изворно било словенска населба.[4]

Денешните албански родови во селото потекнуваат од доселени предци од села во јужна и северна Албанија.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 9,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 648 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138 хектари, а на обработливото земјиште 124 хектари.[3]

Во минатото, населението многу се занимавало со сточарство. Одгледувале бројна стока: кози, овци, говеда и коњи. Меѓутоа, по Втората светска војна тоа е сменето. Денес, повеќе се посветени на полјоделството и на печалбата.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948652—    
1953758+16.3%
1961844+11.3%
19711.088+28.9%
19811.254+15.3%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.554—    
20021.739+11.9%
20211.206−30.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Франгово имало 360 жители Албанци муслимани.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фаргово е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 45 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500Албанци.[7]

Франгово е големо село, населено со албанско население. Тоа, во 1961 година имало 844 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.534 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Франгово живееле 1.739 жители, од кои 1.734 Албанци и 5 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.206 жители, од кои 1.156 Албанци, 1 Бошњак, 13 останати и 36 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 652 758 844 1.088 1.254 0[заб 1] 1.554 1.739 1.206
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Во селото живее муслиманско-албанско население.[4]

Родови се: Даутлар (20 к.), Шаќирлар (10 к.), Мерколар (5 к.), Асолар (10 к.) и Маљеље (6 к.), потекнуваат од петмина браќа, синови на извесен Осман. Се доселиле околу 1825 година. По потекло се од јужниот дел на Албанија.[14]; Љазилар (околу 20 к.), ја знаат следнава генеалогија: Зија (жив, 46 г.)-Изет-Јусуф-Илјаз-Максут, основач на родот, доселен околу 1840 г.; Вишколар (околу 30 к.), Голелер (околу 30 к.) и Амзолар (7 к.), доселени од некаде од јужна Албанија; Љуманлар (15 к.), најнов селски род и единствени припаѓаат на групата Геги, доселени од областа Љума од Албанија.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Франгово, се наоѓале и селата Вишни, Заграчани, Калишта, Мали Влај, Радожда, Радолишта и Шум. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Калишта, во која влегувале селата Калишта, Мали Влај, Радожда и Франгово.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места место бр. 1879 и 1880 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.[15]

На локалните избори во 2017 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.639 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.634 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[18]
  • Џамија — главна селска џамија, изградена околу 1925 година.
Археолошки наоѓалишта[19]


Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од денешниот род Мерколар неколку семејства се иселени во Турција и во градот Струга. Родот Френговци (1 к.) се иселил во струшкото село Мислешево. По кажување, помеѓу двете светски војни, од селото се имаат иселено околу 50 домаќинства, кои се иселиле во градовите Струга, Охрид, Битола и во Турција.[4]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 194.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 308. Посетено на 3 декември 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 165–167.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 декември 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 декември 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 10 декември 2018.
  17. „Референдум 2018“. Посетено на 10 декември 2018.[мртва врска]
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 400, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]