Прејди на содржината

Нерези (Струшко)

Координати: 41°20′22″N 20°36′11″E / 41.33944° СГШ; 20.60306° ИГД / 41.33944; 20.60306
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нерези

Поглед на селото Нерези

Нерези во рамките на Македонија
Нерези
Местоположба на Нерези во Македонија
Нерези на карта

Карта

Координати 41°20′22″N 20°36′11″E / 41.33944° СГШ; 20.60306° ИГД / 41.33944; 20.60306
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 106 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26036
Надм. вис. 720-900 м
Нерези на општинската карта

Атарот на Нерези во рамките на општината
Нерези на Ризницата

Нерези — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Нерес“ во 1583 година. Името потекнува од множинската форма од „нерез“, што означува нережено лозје.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле.[3] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 900 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Нерези било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Некогашна земјоделска задруга во селото
Некогашна земјоделска задруга во селото

Атарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 393 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 146 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Населението на Нерези се најмногу се занимава со сточарство поради самата конфигурација на теренот. Исто така, во помала мерка е застапено полјоделството, а се одгледува и познатиот домат „воловско срце“, кој е многу застапен во струшкиот регион.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948442—    
1953522+18.1%
1961598+14.6%
1971539−9.9%
1981411−23.7%
ГодинаНас.±%
1991256−37.7%
1994232−9.4%
2002213−8.2%
2021106−50.2%

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 123 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Нерези имало 500 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нерези имало 368 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]

Населението во Нерези двојно се намалило и селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 598 жители, а во 1994 година имало 232 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Нерези живееле 213 жители, од кои 212 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 106 жители, од кои 99 Македонци и 7 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 368 442 522 598 539 411 256 232 213 106
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Нерези е македонско православно село.

Родови во селото се:[14]

  • Староседелци: Раткушиновци (4 к.), Ѓоревци (3 к.), Пејчиновци (1 к.), Чавковци (5 к.), Мартиновци (3 к.), Марковци (4 к.), Башовци (1 к.), Феруковци (2 к.), Бајчевци (4 к.), Филковци (6 к.), Латовци или Љатовци (4 к.), Поповци со Трифуновци (4 к.) и Глигуровци (1 к.).
  • Доселеници: Нелчевци (1 к.), порано се викале Деспотовци, по предокот Деспот, Деспот или неговиот дедо или татко се доселил од селото Стеблево, Голо Брдо; Секуловци (2 к.), мислат дека нивниот предок (Секула) се доселил од Подгорица, Црна Гора; Шопкини (2 к.), доселени се од мешаното село Кочишта, Дебарско; Нелчевци-Миленковци (1 к.), порано се викале Ќулинци, доселени се од некое село Нерези кај Прилеп (?); Црнјановци (4 к.), доселени се однекаде; Шапардановци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Модрич; Наумовци (1 к.), доселени се од селото Безово, каде припаѓале на родот Вељановци; Пупуновци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Јабланица, таму припаѓале на родот Пеливановци; Радевци (1 к.) и Ковачевци или Јанкуловци (1 к.), потекнуваат од ист предок, доселени се однекаде.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Нерези, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Нерези било седиште на некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1888, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 209 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 195 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Гробјанската црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Нерези
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 110–111.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 207. Посетено на 18 ноември 2018.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 ноември 2018.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Филиповиќ, Миленко (1939). Дебарски Дримкол. Скопје.
  15. „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 7 ноември 2018.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 18 ноември 2018.
  17. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 18 ноември 2018.
  18. „Референдум 2018“. Посетено на 18 ноември 2018.[мртва врска]
  19. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]