Прејди на содржината

Долани

Координати: 41°41′36″N 22°12′06″E / 41.69333° СГШ; 22.20167° ИГД / 41.69333; 22.20167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долани
Долани во рамките на Македонија
Долани
Местоположба на Долани во Македонија
Долани на карта

Карта

Координати 41°41′36″N 22°12′06″E / 41.69333° СГШ; 22.20167° ИГД / 41.69333; 22.20167
Општина Штип
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30014
Надм. вис. 380 м
Долани на општинската карта

Атарот на Долани во рамките на општината
Долани на Ризницата

Долани — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Долани се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општината Штип, на југ од градот Штип, на потегот меѓу левата страна на р.Брегалница и десната страна р.Крива Лакавица. Селото е ридско на надморска височина од околу 380 м. Од градот Штип е оддалечено околу 10 км. а од магистралниот пат Штип-Радовиш околу 2,5 км.

Географски претставува крстопат меѓу Штип, Лакавичките населби, Радовиш и Тиквешијата. Селото лежи во поречието на суводолиците на реките Ченгиица и Балевица. За негово егзистирање најважен фактор биле водените ресурси како што се Балевичките извори, Митрина чешма, Јербичова вода, Караѓоска чешма, Чапк'нова чешма, бунарите на Ченгиица итн. Селото има поледелско-сточарска функција, бидејќи стопанисува со две стопански површини лаката на Крива Лакавица и ритчестата конфигурација на плавината и огранците на планината Плачковица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Долани се споменува како село кое најнапред од сите штипски села се побунило против туѓинскиот јарем. Научниците тврдат дела селото е многу старо. Во него се смениле многу генерации. Во Долани има училиште кое се вика "Браќа Даневи" но денес не работи и има 2 цркви Св.Илија и Св.Симеон. Како прв учител се споменува Арсо Прошев кој работел под покровителството на црквата Св.Симеон. Долани е посетувано од познати македонски војводи: Гоце Делчев, Мише Развигоров, Гене Војвода, Ефрем Чучков, Славејко Арсов и други поради што селото е наречено комитско. Во Долани е испечатен првиот извадок на "Народен Глас". При крајот на 1908 и следната 1909 г. турската власт во Долани населила босанско население наречено Бошнаци, а староседелците биле приморени да го напуштат селото. Од Долани потекнуват Ристо Стојков, Крсто Митев, Методи Данев и Станое Данев-Стариот кој прв го понел црвеното знаме во селото.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948336—    
1953379+12.8%
1961401+5.8%
1971356−11.2%
1981204−42.7%
ГодинаНас.±%
1991122−40.2%
199498−19.7%
200273−25.5%
202118−75.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долани имало 270 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долани имало 336 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Познато е дека дека кон крајот на XIX и почетокот на XX век броело педестина куќи, а населението било македонско.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 25 до 50 Власи.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 73 жители, од кои 67 Македонци и 6 Власи.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 14 Македонци, 2 Власи и 2 лица без податоци.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 336
1953 270 105 3 ... 1 379
1961 244 2 ... ... 2 ... 153 401
1971 216 1 ... ... 139 356
1981 161 42 1 ... 204
1991 99 22 1 122
1994 78 18 1 1 98
2002 67 6 73
2021 14 2 2 18

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2312 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[10]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 230. ISBN 954430424X.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 433. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]