Прејди на содржината

Хаџи-Реџепли

Координати: 41°38′14″N 22°08′15″E / 41.63722° СГШ; 22.13750° ИГД / 41.63722; 22.13750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи-Реџепли
Хаџи-Реџепли во рамките на Македонија
Хаџи-Реџепли
Местоположба на Хаџи-Реџепли во Македонија
Хаџи-Реџепли на карта

Карта

Координати 41°38′14″N 22°08′15″E / 41.63722° СГШ; 22.13750° ИГД / 41.63722; 22.13750
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО 30064
Надм. вис. 506 м
Хаџи-Реџепли на општинската карта

Атарот на Хаџи-Реџепли во рамките на општината
Хаџи-Реџепли на Ризницата

Хаџи-Реџепли — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е 19 км јужно од градот Штип, во јужниот дел на општината. Атарот зафаќа површина од 15,2 км2.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Хаџи-Реџепли било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хаџи Реџепли имало 305 жители, сите Турци.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Реџепли (Hadži Redžepli) како турско село.[5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948140—    
1953114−18.6%
196134−70.2%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 25 до 50 Власи.[6]

Населението на Хаџи-Реџепли доживеало голем пад во периодот пред Втората светска војна, а продолжило да опаѓа и по војната. Најголемото намалување на бројот на жители се случило во 1950-тите, сведувајќи се на 34 жители, од кои само 2 Турци, а остатокот биле доселени Македонци.[7] Во текот на наредните години селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Реџепли немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 305 140 114 34 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Хаџи-Реџепли било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Ќор-Усинлер (4 к.), Кса-Агушлар (2 к.), Кара-Беќирлер (1 к.), Амушлар (4 к.), Ибо-Саитлар (1 к.), Џорелерден (5 к.), Узун-Мемишлер (7 к.), Јајалар (3 к.), Кубатлер (3 к.), Кара-Муратар (4 к.) и Мателер (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Хамимлар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Шеоба.[12]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Иселеници има во Турција.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 309. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Хаџи-Реџепли — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]