Прејди на содржината

Степанци (Штипско)

Координати: 41°36′36″N 22°13′1″E / 41.61000° СГШ; 22.21694° ИГД / 41.61000; 22.21694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Степанци

Воздушен поглед на селото

Степанци во рамките на Македонија
Степанци
Местоположба на Степанци во Македонија
Степанци на карта

Карта

Координати 41°36′36″N 22°13′1″E / 41.61000° СГШ; 22.21694° ИГД / 41.61000; 22.21694
Регион  Источен
Општина  Штип
Област Лакавица
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30054
Надм. вис. 560 м
Степанци на општинската карта

Атарот на Степанци во рамките на општината
Степанци на Ризницата

Степанци — село во Општина Штип, во областа Лакавица, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Лакавица, во јужниот дел на територијата на Општина Штип, во проширената долина на Крива Лакавица, во североисточните падини на Конечка Планина. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 20 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 кај селото Лакавица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Степанци е населено барем од доцноантичко време, за што сведочат остатоци на населба на наоѓалиштето Кирезл’к.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 6,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 289 хектари, на шумите отпаѓаат 222 хектари, додека на пасиштата 104 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948234—    
1953267+14.1%
1961107−59.9%
197129−72.9%
198134+17.2%
ГодинаНас.±%
199123−32.4%
199431+34.8%
200212−61.3%
20216−50.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) оd 1900 година, во Степанци живееле 250 жители, сите Турци.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 37 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци и 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало и населено со турско население Тоа, во 1961 година броело 107 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 31 жител.[2]

На пописот од 2002 година, селото имало 12 жители, сите Турци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Турци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 234 267 107 29 34 23 31 12 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Степанци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Степанци, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лескоица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Селото припаѓало на Општина Лакавица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Балталија, Горачино, Лакавица, Пухче, Степанци, Танатарци и Шопур.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2302 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[3]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). „Енциклопедија на селата во Република Македонија“ (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 28 ноември 2024.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 231.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]