Калапетровци
Калапетровци | |
Координати 41°42′19″N 22°18′37″E / 41.70528° СГШ; 22.31028° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30021 |
Надм. вис. | 520 м |
Калапетровци на општинската карта Атарот на Калапетровци во рамките на општината | |
Калапетровци на Ризницата |
Калапетровци — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова мало село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња, чиј атар се допира со просторот на Општината Радовиш. Селото е планинско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 14 км.
Атарот зафаќа површина од 14,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 605 ха, на пасиштата отпаѓаат 409 ха, а на обработливото земјиште 362 ха.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Калапетровци имало 90 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Калапетровци имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Калапетровци е мало село, коешто во 1961 година броело 145 жители, а во 1994 година бројот се намалил за 4 жители.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, населението на Калапетровци броело само 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 112 | 264 | 287 | 145 | 75 | 45 | 23 | 4 | 7 | 1 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Шашаварлија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 143.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 143. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|