Прејди на содржината

Сарчиево

Координати: 41°48′37″N 22°08′00″E / 41.81028° СГШ; 22.13333° ИГД / 41.81028; 22.13333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сарчиево
Сарчиево во рамките на Македонија
Сарчиево
Местоположба на Сарчиево во Македонија
Сарчиево на карта

Карта

Координати 41°48′37″N 22°08′00″E / 41.81028° СГШ; 22.13333° ИГД / 41.81028; 22.13333
Општина Штип
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 032
Шифра на КО 30050
Надм. вис. 335 м
Сарчиево на општинската карта

Атарот на Сарчиево во рамките на општината
Сарчиево на Ризницата

Сарчиево — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Сарчиево е рамничарско место, кое се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, на надморска височина од 335 метри. Селото е оддалечено 15 километри од Штип и се наоѓа во крајниот северен дел на Општина Штип. Атарот на Сарчиево зафаќа 9,7 квадратни километри. Притоа, обработливото земјиште опфаќа површина од 532 хектари, а пасиштата зафаќаат 397 хектари.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948199—    
1953202+1.5%
1961235+16.3%
1971170−27.7%
1981109−35.9%
ГодинаНас.±%
199154−50.5%
199454+0.0%
200221−61.1%
20215−76.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сарчиево живееле 90 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сердичево имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Сарчиево отсекогаш било мало село, но неговото население постојано опаѓа, во прв ред, поради миграцијата. Така, според пописот од 1961 година, тоа имало 235 жители, а во 1994 година, населението броело само 54 жители. Според пописот од 2002 година, бројот на жителите уште повеќе опаднал на само 21 жител, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 112 199 202 235 170 109 54 54 21 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото

Македонски

  • Доселеници: Римповци (4 к.) доселени се во средината на XIX век од селото Кадрифаково. И таму биле доселени однекаде; Тутунковци (6 к.) доселени се од селото Амзабегово во Овче Поле. Таму биле староседелци; Стојкови (3 к.), Беркови (3 к.) Шијакови (3 к.) доселени се од селото Врсаково. И во Врсаково биле доселени однекаде; Коцеви (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Каменарци (7 к.), Рибарци (2 к.) и Гоцеви (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.

Влашки

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2286 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во селото Сарчиево се наоѓа летната црква "Св. Петка", која е прва и единствена од таков вид во Македонија. Камен-темелникот на црквата бил поставен на 8 август 1956 година, по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнувале од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил формиран нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотоворна. Обновената црква "Св. Петка", заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година.[2]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Сарчиево е познато по тоа што на 8 август 2010 година, селото влегло во Гинисовата книга на рекорди, така што во огромен котел биле зготвени 3 450 литри грав. Сепак, селото го држело Гинисовиот рекорд само кратко време, зашто подоцна, рекордот бил соборен.[2]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 СВЕТА ПЕТКА с. Сарчиево, Штип, јули 2012.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.230.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 134-136.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]