Прејди на содржината

Ново Село (штипско село)

Координати: 41°36′36″N 22°18′15″E / 41.61000° СГШ; 22.30417° ИГД / 41.61000; 22.30417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за селото во јужниот дел на Општина Штип. Да не се меша со истоимената населба споена со Штип.
Ново Село
Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°36′36″N 22°18′15″E / 41.61000° СГШ; 22.30417° ИГД / 41.61000; 22.30417
Регион  Источен
Општина  Штип
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2000
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30040
Надм. вис. 450 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Ново Село — село во Општина Штип, средишно-источна Македонија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужниот дел на општината, на надморска височина од 450 м. Атарот зафаќа површина од 12,3 км2,[2] а самото село е сместено во неговата југоисточна крајност.

Во посеверниот дел на атарот, во правец запад-исток тече Маденска Река, а напоредно на неа минува автопатот А4.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Ново Село е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[3]

На крајот од XIX век Ново Село било македонско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според истражувањата на Васил К’нчов во 1900 г. селото имало 55 Македонци христијани.[4][5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194894—    
1953101+7.4%
1961106+5.0%
197154−49.1%
198113−75.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
20021—    
20210−100.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Во првите децении на XX век селото бележело значаен раст, така што по Втората светска војна неговото население се удвоило во однос на почетокот на векот. Во 1960-тите селото почнало да се иселува, па така во 1971 г. веќе било располовено. Во текот на следната деценија бројот на жители се намалил четирикратно, за потоа истото да биде сосем напуштено во наредните два пописи.

Според пописот од 2002 година, селото имало 1 жител Македонец во едно домаќинство и 5 други живеалишта низ селото.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 94 101 106 54 13 0 0 1 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[12]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 215. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 438. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис 2002
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  13. 13,0 13,1 Žrtve rata 1941-1945. II. Beograd: Muzej žrtava genocida Beograd. 1996.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]