Врсаково
Врсаково | |
Координати 41°49′01″N 22°07′08″E / 41.81694° СГШ; 22.11889° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 33 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30005 |
Надм. вис. | 310 м |
Врсаково на општинската карта Атарот на Врсаково во рамките на општината | |
Врсаково на Ризницата |
Врсаково — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е рамничарско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 13 километри.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врсаково живееле 120 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врсаково имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 77 жители, од кои 66 Македонци и 11 Власи.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 18 Македонци, 4 Власи, 1 останат и 10 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 216 | 341 | 355 | 395 | 334 | 240 | 138 | 141 | 77 | 33 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1956 година, родови во селото
Македонски
- Доселеници: Дедо-Трајчини (5 к.) доселени се од селото Немањици во Овче Поле. Изгледа таму биле староседелци; Куковци (2 к.) доселени се од селото Куково кај Пробиштип. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 74 г. во 1956 година) Јане-Тасе, кој се доселил; Буклевци (2 к.) доселени се од селото Криви Дол. Таму изгледа биле староседелци; Митеви (2 к.), Коцеви (2 к.), Дедо-Тасени (2 к.), Гигови (2 к.) и Митреви (1 к.) доселени се однекаде; Трпчевци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Арбасанци; Давидкови (2 к.) доселени се од селото Мустафино. Подалечно потекло од Стануловци каде биле староседелци; Андонови (1 к.) доселени се од селото Богословец. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Ерџелија; Василеви (1 к.) доселени се од селото Карбинци; Петрушеви (6 к.) доселени се во 1945 и 1946 година од Кратовско; Борисови (1 к.), Иванови (1 к.), Павлеви (1 к.), Николови (2 к.), Велкови (2 к.), Накови (1 к.) и Богатинови (2 к.) доселени се од селото Кнежево кај Кратово; Димитрови (1 к.) доселени се од селото Одрено кај Крива Паланка.
Влашки
- Доселеници: Николови (5 к.) доселени се во 1926 година од селото Пишица кај Пробиштип; Ташкови (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Макреш кај Куманово; Тодорови (2 к.) доселени се во 1946 година од споменатото село Пишица; Мишеви (2 к.) доселени се во 1954 година од селото Брусник кај Неготино; Атанасови (2 к.) доселени се во 1955 година од селото Кадрифаково.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2285 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на зграда на поранешно основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Давче Трајчев Калеов — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.63
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.136-137.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|