Прејди на содржината

Судик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Судиќ)
Судик
Судик во рамките на Македонија
Судик
Местоположба на Судик во Македонија
Судик на карта

Карта

Општина Штип
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30056
Надм. вис. 670 м
Судик на општинската карта

Атарот на Судик во рамките на општината
Судик на Ризницата

Судик (порано: Судиќ) — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Некогашно училиште во Судик.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Судиќ се наоѓа северозападно од Штип, на оддалеченост од 18-20 км од градот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Судик е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[2]

Во XIX век, Судик било село во Штипската каза на Османлиското Царство.

Во 2014 г. на селото официјално му е вратено од традиционалното име Судик наместо дотогашното Судиќ.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948407—    
1953452+11.1%
1961440−2.7%
1971304−30.9%
198186−71.7%
ГодинаНас.±%
199137−57.0%
199427−27.0%
200210−63.0%
20216−40.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Судик живееле 192 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Судик имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 192 256 407 452 440 304 86 37 27 10 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Судик е македонско село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Велковци (8 к.), Еровци (7 к.), Субашинци (6 к.), Пејевци (8 к.), Ефремовци (2 к.) и Гаџовци (1 к.)
  • Доселеници: Грбевци (13 к.) доселени се од селото Милино, најверојатно се староседелци во оваа област, Овче Поле; Чавковци (4 к.) доселени се од некое село Карамани над Штип; Шеталевци (5 к.) доселени се од сега раселеното село Толја, кое постоело кај Мечкуевци; Лепитковци (8 к.), Мерешковци (1 к.) и Кожуваровци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[12]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2287 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Верски објекти
  • Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
    • Нема податоци за тоа од кога е изградена оваа црква. Се предпоставува дека е изградена пред неколку века. Била единствена. Посветена на Св Петка. За своето постоење била рушена и обновувана повеќепати.
    • Последната градба на црквата (околу 1950г) е од мајстори од с.Судиќ.
    • Дел од нив: Здравев   Славко, Здравев Стево, Павле Ристов,   Блаже Тодев, Стојан Мартинов, Стојан Постолов, Глигор Постолов, Камчо и Генчо Маневи, Серафим Постолов – од Грбеви и уште неколку други. Истите личности биле мајстори над мајсторите.
    • Здравев Славко ги има изработено, познатите „КАМЕНИ ГОЛУБИ“, изработени од цврвен камен,  што ги красат  ѕидовите од надворешната страна на црквата.
    • Дворното место било заградено со ѕид и истиот покриен со ќерамиди.
    • За време на градењето, најмалку 1 степеник е вкопана во земја (од причини што турските властодршци сакале нивните џамии да бидат подминантни, повисоки, поизразени,...
    • Спрема кажувањата, фреските на ѕидовите и иконите биле фнтастични со богати орнаменти ирезби, изработени од познати македонски фрескописци/ зографи.
    • Во периодот од 1980-1990г, поголемиот дел од иконите се преземени/земени (спрема кажување на тогашните жители) од страна на државата и рапределени во други македонски манастири и цркви.
    • Во црквата се слави (и денес како и порано) празникот Св.Петка на 8.ми август секоја година.
    • Во таа прилика е посетена од голем број на домаќини и гости.
    • Покрај Св.Петка, во црквата се собирале и славеле сите големи Христијански разници /Божиќ, Велигден, Спасовден, Св.Тројца/.
    • На сите празници секој од селаните имале сопствено место за седење/служење – за раздавки.
    • Ваквата церемонија со раздавките, се случувала само овде и на ниедно друго место.
    • Во црквата се одвивале сите церемонии поврзани со празници, венчавки, крштевки,...
    • Последната венчавка во оваа црква била во 1974г, 25.05.1994г. на лицата Перо Миланов и сопругата. (Последната свадба во селото е одржана во 1986 г на Иванка Тодева од с.Судиќ
    • Во оваа црква, во селото, со сигурност имало имало ПОПови со постојано живеење и служење.
    • Доказ за тоа се двата гробови, во дворот на влезот на црквата (немаме податоци за имиња на поповите).
    • Покрај овие два гроба, постои и трет, кој со сигурност припаѓа на Мане Пеев, (фамилија Пееви), чукундедо на раскажувачот (Момчило Манев). Ова доведува до заклучок дека Мане Пеев е еден од ктиторите на црквата, веројатно со огромна почит кон него, селаните дозволиле несвештено лице, по заслуга, да биде погребен во дворот а црквата Св Пека – с.Судиќ.
  • Црква „Св. Кирил и Методиј“
  • Параклис „Св. Димитриј“
  • Параклис „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Дугени — некропола од железно време
  • Кула — градиште од доцноантичко време
  • Солунски Рид — градиште од доцноантичко време

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 442-443. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-28. Посетено на 2020-05-29.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]