Колари
Колари | |
Координати 41°38′7″N 20°54′51″E / 41.63528° СГШ; 20.91417° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 421 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12036 |
Надм. вис. | 821 м |
Колари на општинската карта Атарот на Колари во рамките на општината | |
Колари на Ризницата |
Колари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Колари се наоѓа во областа Горно Кичево, меѓу планините Буковиќ (на север) и Бистра (на југ). Селото е во близина на Зајаска Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 39 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[2]
Според податоците од 1873, во селото имало 41 домаќинство со 100 жители Албанци муслимани и 38 Македонци христијани.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Колари живееле 180 жители, од кои 160 Албанци и 20 Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колари имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Колари се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 880 жители, од кои 879 Албанци и 1 Македонец.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 421 жител, од кои 388 Албанци и 33 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 64 | 430 | 487 | 582 | 695 | 870 | 5 | 732 | 880 | 421 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Колари е албанско село.
Родови во селото се: Руга (25 к.) се делат на Садиковци и Азисовци. Потекнуваат од двајца браќа доселени од областа Матија во Албанија Во родот Садиковци се знае следното родословие: Сеадин (жив на 50 г. во 1961 година) Меџит-Селман-Мифтар-Садик, основачот на родот кој се доселил, тоа било почетокот на XIX век; Чурчиај (4 к.), Уковци (24 к.), Браовци (9 к.), Јаовци (6 к.), Кепа (5 к.) и Лановци (4 к.) доселени се во различен период од соседното село Зајас. На сите родови подалечно потекло им е од Матија во Албанија.[14]
Личности
[уреди | уреди извор]Личности починати во Колари:
- Трајко Стојаноски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 821 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 977 гласачи.[16]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.204
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Колари на Карти на Гугл