Прејди на содржината

Големо Црско

Координати: 41°23′57″N 20°59′39″E / 41.39917° СГШ; 20.99417° ИГД / 41.39917; 20.99417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Големо Црско

Поглед на селото од главната селска црква „Св. Атанасиј

Големо Црско во рамките на Македонија
Големо Црско
Местоположба на Големо Црско во Македонија
Големо Црско на карта

Карта

Координати 41°23′57″N 20°59′39″E / 41.39917° СГШ; 20.99417° ИГД / 41.39917; 20.99417
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Железник
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6255
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12013
Надм. вис. 959 м
Големо Црско на општинската карта

Атарот на Големо Црско во рамките на општината
Големо Црско на Ризницата

Големо Црско — село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото од главната селска црква „Св. Атанасиј

Селото се наоѓа во областа Железник, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од десната страна на патот Кичево-Демир Хисар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18,2 километри.[2]

Селото е сместено на тераса, во непосредна близина на соседното село Мало Црско.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Мрамор, Пространска Лиска, Брежанска Планина, Бигла, Каменички Красти, Смрдлева Вода, Царе’а Млака, Пештерски Краслици, Гра’ечки Камен, Лоза, Вељо Поље, Врапо’ец, Свињишта, Рамниште и Врп.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Селската чешма во Големо Црско

Според верување на мештаните, во далечното минато селата Големо и Мало Црско претставувале една населба, која била сместена во месноста Грмаѓе. Жителите на населбата за да ги избегнат честите грабежи се повлекле во долините на планините Влак и Осој, со што настанале денешните две села.[4]

Во XIX век, Големо Црско било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 548,3 хектари, на шумите отпаѓаат 386,7 хектари, а на обработливото земјиште само 75,1 хектар.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948223—    
1953215−3.6%
196197−54.9%
197153−45.4%
198133−37.7%
ГодинаНас.±%
199113−60.6%
199410−23.1%
20024−60.0%
20210−100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Големо Црско имало 265 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Големо Црско имало 288 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Големо Црско се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Големо Црско е мало село и е доведено во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година броело 97 жители, додека во 1994 година само 10 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Големо Црско живееле 4 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 265 288 223 215 97 53 33 13 10 4 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Големо Црско е чисто македонско православно село. Селото го основал еден од двајцата браќа кои пребегнале од раселеното село Црско кое постоело кај селото Поум, Струшко. Поголемиот брат го основал Големо Црско, а помалиот брат Мало Црско.[3]

Родови во селото се: Секуловци (15 к.), Андревци (6 к.), Калчиновци (2 к.), Шулевци (8 к.), Попевци (4 к.), Трпевци (5 к.), Илијовци (5 к.) и Дуковци (3 к.), сите се доселени од раселеното село Црско.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Секуловци со Богојовци, Матевци, Димовци, Штерјовци, Пејовци и Дамчевци (15 к.), Илијовци (4 к.), Орлевци (3 к.), Поповци (4 к.), Шулевци (8 к.), Чоревци (1 к.), Калчиновци (2 к.), Андревци со Трпчевци и Качоровци (11 к.) и Дуковци (2 к.).[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото
Поглед кон главната селска црква „Св. Атанасиј“

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Големо Црско, се наоѓале и селата Велмевци, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0781, кое според Државната изборна комисија е сместено во месната заедница во селото Цер, а во кое влегуваат селата Големо Црско, Мало Црско и Цер.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[19]

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

До 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (21 семејства), Битола (7 семејства), Кичево (4 семејства), САД (2 семејства), Романија (4 семејства) и во Русија (1 семејство).[14]

Иселеништвото продолжило и потоа со што селото денес е пред целосно изумирање.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 72. Посетено на 13 јануари 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  4. „Мој Роден Крај“. mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2019-01-13.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 172-173.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2019.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 јануари 2019.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-12-09. Посетено на 13 јануари 2019.
  17. „Референдум 2018“. Посетено на 13 јануари 2019.[мртва врска]
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 22.
  21. Спространов, Евтим. Дневник, Македонски научен институт, София, 1994, стр. 32.
  22. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 23.
  23. Владо Матевски -РАЗНОВИДНОСТ И ПОТЕКЛО НА ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
  24. 24,0 24,1 24,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]